Овие печива се лесни како памук, секој залак се топи во уста, рецептот злато вреди. Презентацијата на Халиме за овие превкусни печива е една од најдобрите, зашто тестото излезува меко, а печивата се сочни и многу вкусни. Притоа, овие печива-штрудлички не се полнети со многу фил од две причини.




Првата причина е затоа што вкусот на самото тесто е доминантен и не треба да биде „маскиран“ со филот, а второ, ренданиот кашкавал (кој е всушност филот), на тестото му дава прекрасна кремаста арома која совршено одговара во оваа комбинација. Еве кои состојки ви се потребни за да ги подготвите овие печива:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша топло млеко (200 мл), 1 чаша топла вода (200 мл), 1 шолја масло (100 мл), 1 белка од јајце, 2 големи лажици шеќер (40 г), 1 кесичка инстант квасец (10 г), 5 чаши брашно (600 г), 1 мала лажица сол (8 г).

За премачкување и за полнење ќе ви биде потребно: 100 г путер, 100 г рендан чедар или некој друг кашкавал, 1 жолчка од јајца и семки од афион.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад се става 200 мл топла вода (млака, да не биде зовриена). Веднаш потоа се додава млакото млеко кое е најдобро да биде отстојано минимум 1-2 часа на собна температура. Додајте ја го маслото, белката од 1 јајце и нежно промешајте.




Потоа додајте ја кесичката квасец, шеќерот и солта. Фино соединете ги состојките со жица/маталка или шпатула. За ова време квасецот ќе почне да се активирува, особено процесот ќе биде побрз, ако состојките ви се на топла, собна температура.




Постепено започнете да го додавате брашното и нежно со шпатула да го инкорпорирате во течните состојки. Мешајте додека да почне целата смеса да се соединува во тесто, кое на почетокот може да биде лепливо и да се распаѓа. За таа цел, најдобро е да го месите околу 4-5 минути, со тупаниците на рацете, кои треба да ги вдлабнувате во тестото.




Тестото месете го и на следниов начин, така што надворешните краеви ќе ги виткате накај средината. Тестото треба да биде нелепливо и меко на допир. Вака замесеното тесто се остава да стасува додека да ја удвои својата големина, покриено под капак. По изминатото време, премесете го тестото уште 1-2 минути во садот додека да излезе воздухот од него, па префрлете го на рамна набрашнета површина.




Потоа поделете го на два еднакви делови и секој дел формирајте го во топче. Додека ја работите едната половина од тестото, другата ставете ја во кеса или покријте ја со крпа за да не фаќа коричка. Тестото се развлекува нежно со окгагија, најмногу што можете, во коцка или правоаголник.




Кога ќе го развлечете да биде многу тенко, премачкајте го со растопениот путер, убаво и обично. Потоа, едниот крај од тестото, од подолгата страна се витка кон половината, а потоа и другиот крај од спротивната страна се преклопува врз првиот, за да се добие правоаголник. Намастете ја фино кората.

Потоа од покусата страна тестото се дипли на истиот начин и се намастува, да има изглед како перница. Вака подготвеното тесто се остава настрана, завиткано во кеса, додека на истиот начин го подготвувате и второто тесто.

По изминатото време, извадете го првото тесто и развлечете го по должина на поголемата страна, па потоа и од помалата во поголем квадрат. Вака подготвеното тесто се наросува обично со рендан кашкавал и се витка цилиндрично, како ролат од подолгата страна.

Ролатот се сече на помали ролатчиња со дебелина од 7-8 см и секое печиво се реди во плех, обложен со хартија за печење. Од ова тесто излегуваат многу печива, кои треба да отстојат околу 20-тина минути пред да продолжите со нивната подготовка. За тоа време, подготвувајте го останатото тесто.

Печивата се премачкуваат со разматена жолчка и се наросуваат со мак, пред да се стават на печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 190 степени, додека да поруменат и да фатат фина коричка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото OВДЕ.