Лиле го сподели својот рецепт за необичен ролат приготвен од многу вкусни намирници кои кога ќе се соединат заедно прават вистинска фантазија од вкусови. Овој рецепт не е само за оние што сакаат да експериментираат, напротив, на сите им е интересен, дури и на почетниците. Најважно од сè е тоа што е многу вкусен, па затоа е број 1 десерт кој е сега многу попyларен. Еве кои состојки ќе ви бидат потребни за да го направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 70 мл млеко, 70 мл вода, 60 г путер, 1/4 лажичка сол, 2 големи или 3 мали јајца (130 г), 1 лажичка шеќер, 50 г обично брашно, 30 г оризово брашно (ако немате, користете пченкарен скроб). ЗА БИСКВИТ: 400 г варено тесто (не повеќе), 50 мл масло, 3 белки, 1 прстофат сол, 80 г шеќер.




За КРЕМ 1: 70 г мелено семе од афион, 150 г шлаг. ЗА КРЕМ 2: 1 жолчка од јајце, 20 г шеќер, 125 мл млеко, 10 г пченкарен скроб, 2 листови желатин, 10 г путер, 1/2 лажичка екстракт од ванила. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 60 г шлаг.




ПОСТАПКА ЗА ТЕСТОТО: Сварете млеко, вода, путер, шеќер и сол. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган, а потоа додахте го измешаното мазно и оризово брашно одеднаш, не постепено. Енергично мешајте додека да се добие мазна маса.




Ставете го садот повторно на шпорет и измешајте ја смесата на средно-силен оган околу 30 секунди или додека тестото да се формира во топка или да почне да се одвојува од страната на садот. Оладете го тестото 1 минута со постојано мешање за да не се направи кора одозгора.




Во изладеното/млако тесто додавајте едно по едно јајце. Секое јајце убаво измешајте го и кога целосно ќе се впие во тестото додајте го следново. Покријте го тестото и оставете го да се излади на собна температура. Тестото ви е потребно за да го направите бисквитот.




ЗА БИСКВИТОТ: Измерете 400 г тесто, па додајте во него масло. Изматете ги белките и солта во мек снег. Постепено додавајте шеќер и матете додека снегот да се стегне. На тестото постепено додавајте го снегот од белки и нежно измешајте за да добиете мазна смеса.




Обложете голем плех со хартија за печење, па префрлете го и израмнете го тестото во правоаголник со димензии исти или слични на 35х25 см. Печете 13-15 минути на 180°C.. Испечениот бисквит покријте го со уште едно парче хартија за печење и голем плех и превртете го. Отстранете ја хартијата на која се печел бисквитот, покријте со крпа и оставете да се излади.




ЗА КРЕМ 1: Загрејте го шлагот/слатката павлака. Додајте во него мелено семе од афион и само оставете да зоврие, па тргнете го настрана и оставете да се излади. Напомена: Ако шлагот (слатката павлака) е многу сладок, не додавајте шеќер во филот. Ако не, додајте малку шеќер во прав.




ЗА КРЕМ 2: Потопете ги листовите од желатин во ладна вода. Во помал сад сварете го млекото. Во помал сад изматете ја жолчката со шеќерот. Додајте скробно брашно, па полека истурете во млекото што врие. Сè соединете во тенџере и варете како пудинг.

Тргнете го од оган, измешајте го путерот, па додајте го исцедениот желатин и екстрактот од ванила. Мешајте додека да се раствори желатинот. Добро изладете го кремот и наполнете кујнски шприц со овој крем.




ПРЕМАЧКУВАЊЕ И РЕДЕЊЕ: Покријте ја целата површина на бисквитот со кремот од афион (мак). Одозгора премачкајте го белиот шлаг врз афионот. По целата должина на подолгата страна на бисквитот и 7 см од работ, од вториот крем направете две големи ленти.

Врз нив ставете и уште една лента од вториот крем. Бисквитот цврсто виткајте го почнувајќи од страната со кремот. Префрлете го во чинија и декорирајте по желба или само посипете со шеќер во прав. / Сoolinarka.сom