Многу брзи и лесни за приготвување нугат бомбици. Од оваа количина се добиваат приближно 24 бомбици.

Потребни состојки: 200 г маскарпоне сирење (или друго свежо несолено сирење), 100 г наполитанки со лешник, 75 г лешници, 2 лажици нутела/лешник крем, 50 г чоколадо за готвење, 50 г чоколадо за лешник, 2 лажици масло, 2 лажици млеко и мелени бисквити

Постапка: Во еден сад искршете ги наполитанките. Лешниците сомелете ги и измешајте ги со наполитанките. Додадете 2 лажици нутела, 200 г маскарпоне и убаво со лажица промешајте за да се изедначат состојките.

Смесата покријте ја проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер да се олади околу половина час. Со намастени дланки формирајте топчиња со големина на орев.

За глазура: Двата вида чоколади искршете ги на коцки, додадете две лажици масло, па загрејте ги на пареа или на тивок оган додека да се растопат. На крај додадете две лажици млеко и промешајте додека да добиете убава мазна чоколадна глазура.

Секое топче забодено на стапче потопувајте го во чоколадната глазура. Редете ги бомбиците на чинија и оставете ги да изладат и да се стегне глазурата. Неколку можете да ги валкате во мелени бисквити или само да ги наросите одозгора.

Целата постапка за приготвување можете да погледнете во видеото: