Домашно сирење, најдобриот рецепт со сириште: од 5 литри млеко се добива 1 кг сирење

Фото и рецепт: Ветосине

Има неколку рецепти и начини за правење на домашно сирење, но според овој начин многу е практичен за чување, може во солило или да се чува во фрижидер. Се надевам дека ќе ви биде од помош мојов рецепт:

Потребни состојки:

5 литри свежо кравјо сирење
1 рамна лажица сол
50 мл ладна вода
1 супена лажица сириште
1 литар лаждна вода
1 полна супена лажица сол или 18 г

Постапка:

Loading...

Ова е базата за сирење кое го правам 2-3 пати годишно. Од оваа база можете да направите различни видови сирења, а мене ми се најпрактични овие три, чија постапка можете да ја прочитате подолу.

Садовите кои се користат мора да бидат чисти, измиени со врела вода, бидејќи млекото е многу чувствително. Од 5-7 литри свежо млеко се добива околу 1 кг сирење.

Сирењето започнувам да го приготвувам околу 5-6 часот попладне. Во една чаша мешам околу 50 мл ладна вода со 1 супена лажица сириште. Вака промешано се остава 10-тина минути, додека се приготвува млекото.

Свежото млеко се загрева на 37 степени, па се претура во кофа. Кофата се завиткува во ќебе и се остава некаде на страна каде нема да ви пречи, на собна температура.

Сириштето со водата се истураат во млекото и добро се промешува. Се поклопува и се остава 3-4 часа за да се подсири млекото, односно додека да се појави жолта течност т.е. сурутка.

ПРВ НАЧИН

Кога млекото е потсирено, со нож се засекува на коцкички. Се додава 1 литар ладна вода, се поклопува и се остава до следниот ден попладне до 5-6 часот.

Потоа се префрла во газа и добро со раката се изронува подсирот.

Се остава околу 4-5 часа и повремено се превртува газата, за полесно да се исцеди од сурутката.

Газата се обвиткува околу подсирот, се става чинија и одозгора нешто тешко за да се доцеди добро. Вака се остава до следниот ден наутро.

Потоа се вади од газата, се посолува (1 супена лажица на 1 кг сирење). Се сече на парчиња и се покрива со кеса до вечерта за да се впие солта. До вечерта сирењето е готово и може да се чува со солило ( ладна вода + сол+ прстофат лимонтус).

На 20 дена се менува солилото. Може да се чува и на суво во фрижидер во поклопена чинија. Колку подолго стои толку станува помасно.

ВТОР НАЧИН: Дробено сирење

Кога млекото е подсирено, се сече на коцкички, се додава 1 литар ладна вода, се поклопува и остава до следниот ден попладне до 5-6 часот.

Следниот ден околу 5-6 часот со рака добро се изронува во газата и се цеди од сурутката.

Се вади во една чинија, се додава 1 лажица сол и добро се меша со рака.

Ова дробено сирење е помасно. Се чува во поклопен сад во фрижидер или кеси за замрзнување, па се вади по потреба.

ТРЕТ НАЧИН: Брзи калапчиња сирење

Млекото кога ќе се подсири во кофата, се зема подсирот со помош на чинија и се става во газа. Се остава да се цеди околу 4-5 часови, а повремено се превртува за подобро да се исцеди.

Потоа се повторува како кај првиот начин. Ова сирење се чува со солена сурутка (се посолува сурутката, малку се загрева, се лади, па се прелеваат калапите). На 15-20 дена се менува сурутката, а може да се замени и со солена, превриена вода.

Loading...