Таа смета дека со својот пример докажала дека држењето диети е бесмислено…

Американската писателка и новинарка Шели Џонсон (48) цел живот не можела да собере храброст за да се соочи со своите емоции, а тоа се одразило врз нејзината телесна тежина и резултирало со булимија.

Уште како 15-годишна девојка премногу јадела, а дома криела и грицкала храна. Во уличиште се криела од наставниците и учениците, а ужината ја јадела во тоалет, поради што честопати била исмевана.

За да ослабе се подложила на лоши диети со јојо ефект, и на крај развила целосно пореметување на исхраната.

„Сакав да јадам затоа што не се соочував со емоциите, но без свесна дека никогаш нема да ослабам ако во својот организам трупам храна. А тоа го правев со години, до 30-тите години.

Се срамев и затоа држев некои луди диети кои ми предизвикуваа јојо ефект. Па така, во една фаза јадев само крекери од ориз и салата. Ме излудуваше она: не смееше да јадеш ова, не смееш да јадеш она. Некогаш ќе ослабев по 30 килограми, па потоа ќе добиев 38 килограми.  Потоа ќе ослабев 38 кг, а ќе добиев 40 кг…“

Како што таа вели, најтешка била кога се качила на вагата и кога таа покажала 139 кг. После пораѓајот во 2011 година, таа продолжила со диетите и со прејадувањето во следните девет години, до втората бременост.

„Се сеќавам кога конечно во мојот дневник напишав: Ако не е поради храната, тогаш која е причината? Невозможно е поради тоа што го јадам, бидејќи ги испробав сите можни диети. А потоа сфатив дека проблемот всушност не е во храната, туку во начинот на кој размислувате за храната.“

Тогаш започнала да јаде интуитивно, а тоа значело дека консумирала храна само кога била гладна и престанувала да јаде кога ќе почувствувала дека е сита.

„Нема правило. Нема храна која не смеам да ја јадам. Ако сакам крофна, ја јадам. Но, обично сум задоволна после залак-два.“

Таа истакнува дека и било потребно доста време за да го натера мозокот да размислува на овој начин и да се навикне на исхраната која е поврзана со животни настани и пресвртници.

„Во мојот живот беа присутни луѓе кои не ги сакав. Затоа се чувствував потиштено, заробено и како да немав избор. Наместо да се занимавам со тоа и да донесувам вистински одлуки, јас наоѓав утеха во храната.“

За да го решам својот проблем со храната, морав најпрво да си го средам животот. Почнав да ја следам мојата килажа и сфатив дека телото ми минува низ циклуси, па не дигав паника околу тоа.“

Во текот на следната година дошла до 59 килограми, а дозволувала да и варира килажата до 63.

„Сега се чувствувам угодно. Ако започнам да се прејадувам, се запрашувам што не е во ред во мојот живот, бидејќи знаев нема врска со храната„ – појаснува таа.

За својата борба со килограмите таа напишала книга Start Where You Are Weight Loss  која е наменета за луѓе кои се уморни од држење диети.