Home Рецепти ВКУСНА МАМБА: Најбрзата торта без печење со вкус кој „ќе ве падне...

ВКУСНА МАМБА: Најбрзата торта без печење со вкус кој „ќе ве падне од столче”

Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ – Мамба торта, најбрзата торта без печење. Вкусот е Мамба тортата е нешто што мора да го пробате, нема кој не ја сака оваа торта.

Потребни состојки: 4 пакувања пишкоти, 400 мл чоколадно млеко за натопување на пишкотите. За фил 1: 500 мл вода, 500 г микс од црвено овошје, 200-250 г шеќер и 2 пудинг од јагода.

За фил 2: 400 г шлаг крем (или 500 мл слатка павлака), 250 мл млеко, 200 г шеќер во прав, 350 г кисела павлака, 2 кесички желатин, 300 г крем бананчиња (или по желба некои други чоколатца), 150 г чоколадо за декорација.

Постапка: Во поголем сад ставете 250 мл вода, 200-250 г шеќер и микс од овошје, па ставете на оган да зоврие. За тоа време, во остатокот од 250 мл вода разматете ги двата пудинзи од јагода да нема грутчиња.

<

Разматениот пудинг додадете го во зовриеното овошје и мешајте додека да згусне. Тргнете го на страна да излади. Двете кесички желатин промешајте ги со 8 лажици вода и оставете да набубри и згусне.

Во 250 мл млеко додадете 400 г шлаг крем во прав, 200-250 г шеќер во прав и изматете со миксер. Во изматениот шлаг додадете 300-350 г кисела павлака и уште еднаш измиксајте.

Желатинот загрејте го на тивко за да се растопи, па додадете го во кремот и измиксајте го. На крај можете да додадете сечкани крем бананчиња или медени срца или нешто слично и да ги промешате во кремот од павлака.

Подгответе четириаголен калап (бр.26) за торта со средна величина (обложете го со фолија или хартија), а чоколадното млеко малку загрејте го за да може да се натопуваат пишкотите.

Секоја пишкота малку натопете ја во млекото и редете на дното. Врз редот со пишкоти нанесете половина од белиот фил и израмнете. Потоа наредете втор ред пишкоти, исто така малку натопени во чоколадното млеко.

Врз нив нанесете го овошниот фил (кој може да биде и малку млак). Веднаш наредете уште еден слој малку натопени пишкоти, а најгоре нанесете го вториот дел од белиот фил. Тортата ставете ја најмалку 2-3 часа во фрижидер, најдобро преку ноќ.

Потоа отстранете го обрачот, одозгора можете да ја прелиете со чоколадна глазура и чоколадни трошки, а можете и по ваш вкус, па сечете ја и послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.