ТИТОВ КОЛАЧ: Старински колач кој сите го правеа во Југославија, а еве во што е неговата тајна

Фантастичен колач преполн со ореви и чоколадо. Се нарекува Титов колач или Титова торта, веројатно затоа што бил негов омилен колач. Лесно се приготвува и има преубав вкус.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца на собна температура, 200 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г мелени ореви или лешници, 5 супени лажици сварено и изладено црно кафе, 5 полни лажици брашно, 1 прашок за печиво, 3 лажици масло. Колачот се пече на 180 степени, 30 минути.




ЗА ПРВ ФИЛ: 400 мл млеко, 5 полни лажици брашно, 2 жолчки. ЗА ВТОР ФИЛ: 200 г маргарин/путер, 10 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г растопено чоколадо, 3 лажички ореви. Најпрво се приготвуваат двата фила посебно, а потоа се соединуваат во еден.




ПОСТАПКА: Рерната загрејте на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Белките пенасто изматете ги со миксер, па постепено додавајте 100 г шеќер. Матете додека тој да се растопи и да добиете цврст снег кој не паѓа од лажицата.




Жолчките изматете ги со 100 г шеќер и еден ванилин шеќер додека да побелат и да згуснат како крем. Додајте масло, изматете, па додајте го претходно приготвеното кафе и повторно промешајте.




Измешајте ги посебно сувите состојки: брашно, прашок за печиво и ореви, па додајте ги во смесата. Изматете со миксер додека убаво да се соединат состојките. Во оваа смеса внимателно додајте го снегот од белки и промешајте со лажица или шпатула, внимавајќи да остане воздушеста.




Добиената смеса за бисквит излејте ја во тркалезен калап (26 или 28 см) или правоаголен плех со димензии 33х20 см, претходно обложен со хартија. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Печениот биксвит оставете го целосно да излади пред да го нанесете филот.




Фил: Во млекото (400 мл) додајте 2 жолчки и 5 лажици брашно, па изматете со миксер за да нема грутчиња, па сварете го кремот на тивок оган. Оставете го на страна да излади.




Путерот изматете го пенасто со шеќер и ванила, а потоа во него додајте растопено чоколадо. Измиксајте го изладениот крем па постепено соединете го со чоколадниот фил (додека матите додавајте лажица по лажица).




На крај додајте 3 лажички мелени лешници и ореви. Оставете го филот да излади. Врз оладената кора рамномерно нанесете го изладениот фил, а одозгора изрендајте чоколадо и наросете мелени ореви. Оставете го добро да излади, па послужете. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаВКУСНА МАМБА: Најбрзата торта без печење со вкус кој „ќе ве падне од столче”
Следна статијаШТО СÈ ЛЕКУВА 1 ЧЕШНЕ ЛУК: Сите народни рецепти за целосно закрепнување на организмот!