Home Рецепти Вкусна боранија со говедско месо направена по ОРИГИНАЛЕН рецепт!

Вкусна боранија со говедско месо направена по ОРИГИНАЛЕН рецепт!

Вкусна боранија со говедско месо направена по ОРИГИНАЛЕН рецепт! Боранија со говедско месо, здраво и вкусно јадење на лажица. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици кромид, 700 г говедски бут, 800-900 г жолта боранија, 4 моркови, 1 чешне лук, 100 мл сок или сос од домати, 2 лажици брашно, масло, сол, сув зачин и бибер, 1 литар вода

ПОСТАПКА: Сипете малку масло во тавата и загрејте го. Додајте го исечканиот кромид и динстајте го додека да омекне и застакли. Додајте 1 лажичка сол, па кога кромидот ќе омекне додајте го месото исечкано на коцки. Динстајте 15-тина минути, а потоа додајте го морковот (рендан или исечкан на ситни коцкички).

Варете околу 20 минути со повремено додавање вода. Кога течноста ќе испари, додајте ситно сечкано лукче, брашно и слатка пиперка, додајте вода и почекајте да зоврие. Додајте сок од домати.

Кога повторно ќе зоврие, додајте ја боранијата и зачинете со суви зачини и црн пипер по вкус. Гответе уште 30 минути. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „Посна чорбеста боранија без брашно и запршка, ептен многу е вкусна, па ја јадат дури и оние кои не постат“ – ОВДЕ.

Посна чорбеста боранија без брашно и запршка, ептен многу е вкусна, па ја јадат дури и оние кои не постат