Нутриционистите препорачуваат да се конcyмираат што повеќе домашни зеленчукови чорбички кои освен што го крепат телото, многу се вкусни и здрави. Ова е рецепт на Јелена Петровиќ која чорбата ја приготвува на старински начин, онака како што се приготвувала порано, со многу зеленчук.




Па, доколку сакате да се иcпостите, или едноставно да се храните здраво, тогаш набавете зеленчук и уживајте во подготовката. Кујната ќе ви мириса прекрасно и сите едвај ќе чекаат да ја пpoбаат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г боранија (може и смрзната, жолта), 1 главица кромид, 5-6 чешниња лукче, 2 моркови, малку свеж магдонос, 2-3 компири, 1 зелена пиперка (и 1 црвена по желба), малку масло, црвена зачинска пиперка во прав, црн пипер, сол и сув зеленчуков зачин (вегета) по вкус




ПОСТАПКА: Доколку сте купиле свежа боранија едноставно измијте ја добро под млаз ладна вода, со прсти или со ноже отстранете ги краевите, па искршете ја или исечете ја на парчиња со големина по ваша желба. Може да користите и смрзната боранија.




Кромидот ситно исечкајте го на малку масло, додајте го и морковот ситно исечкан или изрендан по желба (а може и на тркалца), динстајте некое време и додајте сосем малку вода по потреба, па додајте ја боранијата и компирите излупени и цели, како и зелената пиперка.




Додајте ги црвен пипер во прав и магдонос, па налејте доволно вода за да можат компирот и боранијата да се сварат. Кога компирот ќе се свари извадете го во посебен сад и додајте малку вода од тенџерето во кое се вареше зеленчукот.




Испасирајте го компирот со преса, виљушка или во блендер, како ви е полесно, додајте ситно сечкан магдонос, изрендан или испасиран лук, сето тоа заедно измешајте го и вратете го во тенџерето.




Оставете чорбата повторно да зоврие, промешајте, па додајте сув зачин или сол и црн пипер по вкус. По желба моѓже да додадете и некои зачински билки по ваш вкус. Од компирот чорбата доби на густина, а вкусовите на сите состојки се совршено избалансирани. Деталите погледнете ги ОВДЕ.