ВКУСЕН И ЗДРАВ ДЕСЕРТ ЗА СИТЕ ШТО СЕ НА ДИЕТА: Од две состојки, 5 минути време, без шеќер

СУФЛЕ ОД ЈАБОЛКА. Овој десерт можат да си го приготвуваат сите што се на диета или пак сакаат со нешто здраво да се засладат. Десертот се приготвува од само две состојки, од кои едната е желатинот.




Веројатно досега сте слушнале колку е здраво да се конcyмира желатин доколку имате проблем со зглобовите. Тоа всушност е чист колаген кој му е потребен на организмот за сочувување на еластичноста на сврзното ткиво. Исто така, овој десерт во чаши можат да го јадат и дијабетичари, бидејќи не содржи шеќер.




Втората состојка од овој десерт е пире од јаболко или како што се нарекува во другите земји „Сос од јаболко“. Тоа е евтин прозвод во Америка и повеќето европски земји и како таков може да се купи пакуван во пластична чаша или стаклена тегла, засладен или без шеќер. Во овој рецепт се користи незасладено јаболково пире.




Доколку не можете да најдете јаболково пире, истото можете дома да си приготвите сами: јаболката излупете ги, изрендајте ги и згответе ги додека да добиете густа каша. Додајте малку лимонов сок за да ја сочува светлата боја. Еве како на едноставен начин се приготвува „суфле од јаболка“:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 г шеќатин и 250 мл пире од јаболка. ПОСТАПКА: Во еден сад ставете 10 г желатин со 50 мл ладна или топла вода (според упатството на кесичката).




Промешајте и оставете неколку минути додека да набубри – за подготовка со ладна вода, а потоа треба да го растопите во микробранова или врз пареа. Доколку желатинот се приготвува со топла вода, речиси веднаш се раствора во течна желатинозна материја.




Во подлабок сад истурете го јаболковото пире и додајте го растопениот желатин. Соединете ги со миксер.




Смесата потребно е да се мати неколку минути додека да згусне и побели, со конзистенција на густ јогурт.




Добиената смеса излејте ја во соодветни десертни садови или чаши и оставете во фрижидер да се олади и стегне, околу 2-3 часа.




Одозгора можете да наросите цимет доколку сакате (кој исто така е многу здрав зачин). Деталите од целата постапка на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаД-р Иван: Храната и водата никогаш не треба да се консумираат истовремено зошто телото ќе се затне
Следна статијаВИТАМИНСКА САЛАТА: Ја враќа виталноста и енергијата, го зајакнува имунитетот