ВИТАМИНСКА САЛАТА: Ја враќа виталноста и енергијата, го зајакнува имунитетот. Рецепт на Гордана од каналот „Огнена кујна“. Многу вкусна и здрава салата која ќе ве освежи и обнови целосно.




Оваа вкусна салата се прави многу едноставно, потребни ви се само неколку состојки, а исто така може да замени и ужина. Кога сте настинати или имате висока температура, оваа салата веднаш ќе ви ја врати енергијата и виталноста бидејќи изобилува со витамини и минерали.




Главните состојки се цвекло, моркови и јаболка, а поконкретно ќе ви бидат потребни следниве состојки:  4 цвекла, 4 јаболка, 4 моркови, 1 стапче/дршка целер, 1 цел лимон со кора, сок од 2 лимони, 6 супени лажици мед.




Постапка: измијте го добро зеленчукот и овошјето. Лимонот потопете го во сад со вода во која сте наросиле малку сода бикарбона, да отстои некое време. Јаболката излупете ги и отстранете ги семките и дршката од нив.




Морковот исто така излупете го, а истото направете го и со цвеклото и целерот. Исчистените намирници складирајте ги во поголема вангла. Потоа сите состојки се рендаат на најситно, а на овој начин најдобро го испуштаат својот сок. Состојките се складираат во истата вангла.




Еден од трите лимони го искористувате заедно со кората и го рендате како и останатите состојки. Од другите два лимони го процедувате само сокот. Лимонот го додавате во ванглата и засладувате со 6 (шест) супени лажици мед.




Сите состојки соединете ги со дрвена лажица и покријте ја ванглата со памучна крпа да отстои 30 минути за цвеклото и медот подобро да се соединат. Потоа салатата се складира во фрижидер и се конcyмира трипати на ден по 1 супена лажица, половина час пред оброк.




Со оваа салата може да си ја подобрите кр-вната слика по само 1 д оза конcyмирање. Најдобро е да ја подготвувате во преодните есенско-зимски месеци кога најмногу има болести, настинки и грип. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Мошне се големи здравствените ефекти на цвеклото во случај на деминерализација на коските и забите, присуството на јодот го прави драгоцено во бор-бата против артеросклерозата и забавувањето на процесот на ста-реењето.




Јаболката се многу здраво, крцкаво овошје, кое се јаде речиси секаде во светот. Истражувањата покажуваат дека антиоксидансите во јаболката можат да го забават растот на клетките на р акот. Тие исто така можат да ги заштитат клетките на панкреасот, што може да ги намали шансите за дијабетес тип 2.



Како нискокалорична храна, морковите можат да ја зголемат ситоста и да го намалат внесот на калории. Поради оваа причина, тие можат да бидат корисен додаток на ефикасната ди-ета за сла-беење. Морковот е особено добар извор на бета каротен, влакна, витамин К1, калиум и антиоксиданти.

Тоа е храна која помага во сла-беење и е поврзана со пониски нивоа на холестерол и подобрување на здравјето на очите. Морковот се состои од околу 10% јаглехидрати, составен од скроб, влакна и едноставни шеќери.