Ви го откриваме овој рецепт за крофни, за кој и професионалните готвачи би ви завидувале

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 мл млако млеко

1 свеж квасец

1 лажица шеќер

2 јајца

50 мл масло

700 г меко брашно

1 лажица сол

Масло за пржење

50 г шеќер во прав за наросување

По желба: еурокрем, џем

ПОСТАПКА:

Во млако млеко разматете го квасецот со малку шеќер. Додадете половина брашно и соединете во мазна смеса. Во помал сад разматете ги јајцата со сол, па додадете во смесата, а потоа и маслото, па сето убаво соединете го.

Постепено додавајте ја и втората половина од брашното, па сето заедно замесете со миксерот во доста густо тесто. Наросете малку брашно, покријте со сува крпа и оставете на топло место да отстои додека да се удвои.

На работната површина наросете брашно на која малку ќе го премесете тестото, ќе го наросете со малку брашно и ќе развиете кора со дебелина од 1 см.

Со чаша вадете ги крофните. Преостанатото тесто повторно премесете го, развијте го во кора и така сечете крофни додека да ви се потроши целото тесто.

Кога сите крофни ќе бидат исечени, покријте ги со кујнска крпа, па оставете ги 20-тина минути.

Крофните пржете ги со страната на која лежеле, сега да биде нагоре. Се пржат на умерена температура во преходно загреано масло.

Кога ќе заруменат, свртете ги од другата страна. Вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

Се’ уште додека се топли можете да ги наросите со шеќер во прав и да ги полните со фил по ваш избор.

Loading...