Симптоми и лекување на замастен црн дроб

Зголемен крвен притисок, подуеност, замор или покачен холестерол се само некои показатели кои ни говорат две работи: дека дошло до преоптеретување на црниот дроб и пореметување на метаболизмот на мастите.

Црниот дроб е еден од најважните органи во нашиот организам. Има главна улога во разложувањето на мастите, одржувањето на шеќерот во крвта на оптимално ниво, производство на ензими и задржување на неопходни витамини, минерали и гликоген. Ниту еден друг витален орган не може да го замени црниот дроб.

Минималната количина масти нема да предизвика никакви последици. Од друга страна, ако постои 5-10% масти по масата на црниот дроб, тоа значи дека станува збор за стеатоза, заболување кое е познато како замастен црн дроб. Оваа болест исто така, може да се појави и како последица од алкохолизам.

СИМПТОМИ НА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ

Често се нарекува и „тивка болест“ затоа што симптомите се едвај видливи. Во повеќето случаи, потребни се години додека да се забележат. Доколку дојде до развој на болеста, може да добиете нетипични симптоми, како:

-мачнина

-слабост

-губиток на апетитот

-конфузност

-проблеми со концентрација

Исто така, може да се појават и болки во централниот и горен дел од абдоменот, појава на темни дамки на кожата (најчесто на горниот дел од рацете) како и зголемен црн дроб, кој се забележува на ехо.

Кај алкохоличарите овие симптоми се влошуваат доколку продолжат со консумирање на алкохол. Замастениот црн дроб може да се открие, па дури и да се спречи кај лица кои не консумираат алкохол.

ЛЕКУВАЊЕ

Не постои лек за замастен црн дроб; постои само третман за превенција или редукција и контролирање на заболувањето. По откривањето, потребно е веднаш да се престане со консумирање алкохол.

Исто така, дебелите луѓе би морале што поскоро да ја намалат својата тежина. Редовно вежбање, правилна исхрана и физичка активност би можеле да помогнат во подобрувањето на состојбата.

Покрај намалениот внес на калории, потребно е да се намали и внесот на преработени намирници кои содржат јагленохидрати, како што се бел леб, компир, тестенини, шеќер, пченка и транс масти. Маргарин, путер, павлака за готвење и јадења приготвени на масло се работи од кои мора да се откажете.

Исто така, би било пожелно да не консумирате лекови кои не ви се неопходни и без кои можете.

Најпосле, доколку имате проблем со замастен црн дроб, билкарите препорачуваат чај кој може да помогне во контролирањето на болеста.

Потребни ви се следните состојки:

2 кафени лажички сечкан корен од глуварче

200 мл вода

Коренот од глуварче прелијте го со зовриена вода, поклопете и оставете да отстои 20 минути. Процедете и пијте го чајот наутро и навечер.