Веројатно знаете, но… Поради оваа состојка во кечапот се дебелеете

Кечапот е ароматичен додаток на јадењата направен од домати, разновиден иситнет зеленчук и зачини. И, да не го заборавиме – шеќерот.

За повеќето луѓе кечапот е составен додаток на сендвичите, хамбургерите, помфритот и останатата брза храна. Сепак, вашиот омилен додаток на брзата храна е всушност преполн со шеќер, дури и повеќе отколку што мислите.

Една порција кечап (количина од една супена лажица) содржи дури 4 грама шеќер, додека едно мало пакување кечап кое се служи по рестораните за брза храна, содржи повеќе од два грама.

Препорачаниот дневен внес на шеќер е околу 10% од вкупната внесена храна, отприлика од 50 до 60 грама, а во таа количина се вклучени и шеќерите од слатките намирници, како што е овошјето.

Најмногу шеќер содржат газираните пијалаци, пивото, слатките и соковите.

Шеќерот е всушност главниот виновник за епидемијата на дебелина во западните земји, која доведува до многубројни здравствени проблеми како што се дијабетес и срцеви заболувања.

И без разлика на многуте предупредувања од страна на лекарите и нутриционистите за опасностите од шеќерот, човекот во просек, за време на животниот век, изедува околу 1,75 тони шеќер.

Претходна статијаКога ви завива стомакот си мислите дека сте гладни, но еве што велат експертите
Следна статијаНеколку лековити рецепти од тефтерот на баба ми – за бешика, за панкреас и за слабеење