Неколку лековити рецепти од тефтерот на баба ми – за бешика, за панкреас и за слабеење

За слабеење:

Половина чаша овес ставете во кесичка од газа.
Со овесот, во кесичката ставете чист камен.

Вреќичката добро врзете ја и спуштете ја на дното од теглата од 1 литар.
Благодарение на каменот, овесот нема да исплива на површината.
Додадете во теглата малку суво грозје и една лажица кисела павлака.
До врв на теглата наполнете ја со врела вода.
Теглата затворете ја со повеќеслојна газа.
За три дена квасот од овес ќе биде готов.

Loading...

Пијте по половина чаша пред јадење.
Овој напиток одлично ја гаси жедта и го забрзува метаболизмот, што овозможува брзо слабеење.

Лековита смеса за јакнење на бешиката:

Изрендајте една кафена лажичка јаболко и една кафена лажичка кромид, па промешајте со една кафена лажичка мед.
Ова јадете го трипати дневно, половина час пред оброк.
Секој пат направете нова, свежа смеса.

Лековита смеса за панкреас:

Људмила Ким: Оваа лековита смеса се користи како превенција од заболувања на панкреасот, но исто така и за негово лекување. Многу е корисна за дијабетичарите, бидејќи поволно влијае врз стабилизацијата на нивото на шеќерот во крвта.

Потребни состојки:

1 кг лимон
300 г магдонос
300 г лук

Постапка:

Сите состојки сомелете ги во машина за мелење месо. Лимонот треба да се сомеле заедно со кората, па затоа е пожелно да набавите органски, непрскан лимон.

Смесата складирајте ја во затворена стаклена тегла, и оставете да отстои 14 дена (две седмици) во фрижидер.

Употреба:

Користете секојдневно по една полна мала лажичка, 15 минути пред оброк, трипати дневно. Со овој лек е пожелно да пиете по третина чаша – чај од листови од јагоди, боровница или брусница.

Loading...