Поради оваа тема многу од паровите имаат влезено во конфликт докажувајќи се пред другиот дали е подобро да се спие во чорапи или не.

Без разлика на која страна од дебатата припаѓате, добро е да го прочитате текстот, зошто носењето чорапи в кревет, всушност има улога во регулацијата на температурата на телото и треба да размислите пред целосно да ја исфрлите идејата за топли чорапи при спиење.

Сонот е важен дел од животот на секој поединец и клучен за нормално функционирање во текот на денот. Голем број од луѓето поминуваат една третина од денот во спиење, а меѓу нив има многу кои во кревет легнуваат со чорапи.

Кога навечер ќе ги загреете стапалата, се испраќа сигнал до мозокот дека е време за спиење. Кога крвните садови во стапалата и рацете че се рашират и ќе се создаде природна вазодилатација, топлината се шири по целото тело и тоа се подготвува за сон, што обезбедува помирен сон и што е најважно, главно без прекини.

И не само тоа, научнците откриле дека кога навечер ќе облечете чорапи, ќе заспиете побрзо, дури 15 минути побрзо отколку што просечно ви е потребно. Спиењето со чорапи е корисно и помага побрзо да потонете во подлабоките нивоа на сон, а околу 4 часот наутро кога температурата на телото е најниска, на овој начин на организмот ќе му биде овозможена доволно топлина.

И алтернативната медицина се сложува со овие заклучоци. Според традицоналната кинеска медицина, студените стапала ја повлекуваат и ја “трошат” топлината од телото, а на тој начин го прекинуваат дотокот на витална енергија.

На просечна возрасна личност потребни и се седум или осум часови сон.