Ја ставила оваа смеса на косата а потоа сите ја прашувале за рецепт

Со оваа смеса, доколку ја нанесувате барем еднаш до двапати седмично, косата ќе ви стане цврста и сјајна, квалитетна и без електрицитет, иста како од рекламите!

Јајцето е идеално решение за делотворна природна маска за секаков вид на кожа и коса, збогатена со соодветни дополни состојки.

Loading...

Познато е дека косата најмногу опаѓа во есенскиот период, а доколку сакате ова да го спречите и да го забрзате растењето на косата, пробајте ја оваа едноставна домашна маска.

Потребни состојки:

2 свежи јајца
1 коцка цвеж квасец

Постапка:

Изматете две јајца додека со виљушка. Додадете издробена коцка свеж квасец и со постојано мешање спојте ги двете состојки.

Кога убаво ќе ги соедините состојките, нанесете ја смесата на главата и масирајте. Потоа покријте ја главата со пешкир и оставете препаратот да делува барем 1-3 часа. Потоа исплакнете со млака вода и исперете ја косата со вашиот шампон.

Втор начин:

Во една голема лажица топло млеко растворете една кафена лажичка мед и додадете 20 грама свеж квасец. Оставете на топло место да ферментира околу 20 минути.Потоа, додадете 1 жолчка од јајце. Добро измешајте ги сите состојки.

Маската нанесете ја на чиста, влажна коса. Втријте ја добро во коренот, а потоа премачкајте ја целата коса. Завиткајте ја со крпа и оставете да делува еден час, потоа отстранете ја со топла вода, шампон и регенератор.

Во вака подготвената маска од квасец може да додавате различни состојки, на пример, една лажица маслиново масло, една лажица јогурт, сок од алое, авокадо и тн. Сепак, главната состојка мора да биде квасецот.

За деталите, погледнете го видеото:

 

Loading...