ВАШАТА ТЕЖИНА ИЛИ ОСТАНУВА ИСТА ИЛИ СЕ ЗГОЛЕМУВА: 5 знаци дека не јадете доволно и правилно, па затоа ниедна диета не ви успева. Ако се обидувате да изгубите на тежина, на прв поглед има смисла да исфрлите што повеќе калории од вашата исхрана.




За жал, храната која ја јадете додека сте на диета треба да биде полна со нутриенти како протеини, витамини, минерали и растителни влакна. Сепак доколку јадете помалку, а не внесувате никакви нутриенти вашиот организам не само што го отежнува постигнувањето на соодветната тежина, туку може да биде и причина за здравствени проблеми. Со други зборови, јадењето помалку отколку што ви е потребно може да има контра-ефект.




Ова се неколку вообичаени знаци дека не јадете доволно за да го издржите вашето тело. Кога не сте сигурни што да правите, секогаш е препорачливо да се консултирате со лиценциран нутриционист или здравствен работник.




Цело време размислувате за храна

Кога не јадете доволно, тоа често резултира со прекумерно размислување за храна и постојани размислувања за следниот оброк. Ова може да се манифестира преку одредени активности, како што е прелистување на менијата на рестораните преку Интернет, постојано гледање во храна на социјалните мрежи или гледање емисии за готвење.




Уморни сте и мрзеливи

Многу луѓе стануваат лути и бесни кога се гладни, и постојат некои научни докази што го објаснуваат ова. Кога не јадете доволно или долго време, шеќерот во кpвтa опаѓа. Ако нивото на шеќер остане ниско, исчезнува можноста за концентрација и трпение за работните обврски и фокусирање. Заморот и несвестицата, исто така, одат рака под рака со недоволен внес на храна, бидејќи нема доволно енергија во телото.




Не можете квалитетно да спиете

Ако не можете да заспиете, тоа е уште еден вообичаен резултат на тоа што не јадете доволно за да изгубите тежина. Неодамнешните истражувања, од врската помеѓу нару-шувањата во исхраната и спиењето до врската помеѓу неисхранетите деца и спиењето, дополнително го нагласуваат силното влијание што го има диетата врз нашиот сон.




Имате проблеми со варењето

Кога вашето тело упорно не добива доволно калории за вашите потреби, дигестивниот тракт може побавно да ја вари храната низ „системот“, со цел да заштеди енергија. Како резултат на тоа добивате запек. Слична е ситуацијата кога не внесувате доволно растителни влакна, што е често случај кога се намалува бројот на калории.




Вашата тежина или останува иста, или се зголемува

Кога вагата не се поместува или почнувате да се дебелеете додека сте на диета, одговорот е дека не треба да јадете помалку. Решението е да се јаде повеќе. Започнете со додавање на одредени грицки или ужинки помеѓу оброците и не заборавајте да ги вклучите сите макронутриенти – протеини, масти и јаглехидрати. Кога ќе почнете да јадете правилно и умерено, посакуваната тежина ќе дојде сама по себе.




Исто така, при изборот на диета, јадеме се што ни предлага диетата која сме ја пронашле, но за добивање на посакуваната тежина важно е да се земе во предвид времето кога јадеме.




Сепак, нутриционистите велат дека појадокот, ручекот и вечерата може да имаат различни ефекти врз губењето на тежината, во зависност од тоа колку часот ги кон-сумираме.




Анализите покажуваат дека најдобро е да појадувате околу 7 часот наутро, ручек помеѓу 12:30 и 13 часот, а вечера помеѓу 18 и 18:30 часот. Според нив, дури и ако вечерата ја поместувате по 20 часот, таа – во просек – додава околу 5 сантиметри во обемот на половината.

Истражувачите велат дека главната причина за тоа е потрошувачката на енергија во текот на денот. Во вечерните часови, сите механизми во телото се забавуваат и телото се подготвува за спиење, па во овој период од денот се троши помалку енергија. Важно е оброците кои ги јадете да бидат во приближно исто време секојдневно.