Варени пиперки за зимница – по овој рецепт со години ги правам и нема утка!

Многу вкусни, сочни пиперки за зимница.

Потребни состојки:

за 10 кг пиперки

200 мл оцетна киселина (есенција)
6 литри вода
200 мл масло
150 г шеќер
150 г сол

Постапка:

Loading...

Пиперките исчистете ги, добро измијте ги, а потоа избоцкајте ги со готвачка игла, игла за плетење или со стапче за ражен.

Растворот се приготвува на следниот начин: сите потребни состојки се ставаат на оган, па кога ќе зоврие се додаваат пиперките и секоја се превртува на едната и другата страна по 2-3 минути.

Потоа пиперките се редат во врели стерилизирани тегли и се полеваат со течноста во која се вареа.

Наполнетите тегли се редат во некоја кутија обложена со ќебе или друга ткаенина, па се покриваат со чинивчиња. Вака оставете ги целосно да изладат.

Потоа дополнете ги со течноста ако е потребно, цврсто затворете ги со капаци претходно натопени во алкохол. На истиот начин за зимница може да се приготват и феферони.

Loading...