Home Рецепти Благи кифлички со ореви и џем, ровки, се топат во уста

Благи кифлички со ореви и џем, ровки, се топат во уста

Кифличките се многу вкусни и ровки.

Потребни состојки:

250 г путер или маргарин
300 г брашно (најдобро е половината да биде остро, а половината меко)
5 лажици ладна вода
1 лажица јаболкова киселина

за фил:

мелени ореви/лешници/бадеми
домашен мармалад

Постапка:

Се мати омекнатиот путер, се додава водата и оцетот, па постепено се додава брашното. Се добива убаво мазно тесто кое се остава завиткано во проѕирна фолија да одмори половина час во фрижидер.

За фил: мелените ореви се мешаат со џемот или мармаладот по желба.

Тестото се развлекува тенко, со дебелина од 2 мм, па се сечат квадрачиња 5х5 см и на секое се става по малку фил. Лесно со раката се свиткува во кифла.

Направените кифлички се редат во плех обложен со хартија и се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути додека кифличките благо да заруменат.

<

Печените кифли се оставаат малку да изладат па се валкаат во шеќер во прав помешан со ванилин шеќер. Мене најубав ми е филот од мелени лешници помешани со мармалад од кајсии или мандарини.