Многу вкусна пита која брзо и лесно се приготвува.

Потребни состојки: околу 1 кг компири, 100 г растопен путер, 30 г брашно, 3 големи јајца, црвен пипер по вкус, 100 г кашкавал, 200 г кисело млеко – за сервирање, сол и црн пипер по вкус

Постапка: Компирот сварете го па изрендајте го крупно во намастен огноотпорен сад. Во еден сад изматете ги јајцата, додадете му го течниот путер (растопен на тивко и малку изладен), брашно, сол, црн и црвен пипер по вкус.

Врз ренданиот компир излејте ја смесата со јајцето, а одозгора наросете рендан кашкавал. Ставете да се пече околу половина час на 200 степени додека да зарумени одозгора.

Сервирајте со топка кисело млеко или павлака. Оригиналниот рецепт беше со сиров компир, но оваа верзија со варен компир повеќе ми се допаѓа.