Мене ме воодушевија!

Потребни состојки:

200 мл јогурт
200 г брашно
50 г пченкарно брашно
2 рамни лажички сол
½ лажичка сода бикарбона

Постапка:

Сите состојки измешајте ги прво со лажица, а потоа со раце. Наросете брашно врз работната површина, па тестото поделете го на 6 топчиња.

Наредете ги топчињата во тепсија обложена со хартија за печење, па во загреана рерна.

Печете ги околу 10 минути на 200 степени. Испечените лепчиња вадете ги со влажни раце – “измијте” го секое (малку премачкајте ги со вода), па оставете така да подизладат.