Home Рецепти ВАКВИ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ: Тулумби од рерна

ВАКВИ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ: Тулумби од рерна

Фото и рецепт: Милана Маркус

​

Потребни состојки:

350 мл вода

1 супена лажица шеќер

3 супени лажици масло

​

Се става на оган да проврие. Се трга од оган и се додава:

<

​

250 г брашно,

​

па со лажица добро се промешува. Тестото се остава да излади.

​

Кога тестото е изладено, се додаваат 4 јајца, едно по едно. Секој пат пред додавањето на следното јајце, претходното треба добро да се впие во тестото. Матете со миксер, со жици за тесто.

​

Рерната загрејте на 200 степени. Со шпиц вадете ги тулумбите во плех обложен со хартија за печење. Печете ги околу 20-30 минути.

Прелив:

500 г шеќер

500 мл вода

½ лимон

2 ванилин шеќер

​

Сварете го шербетот, но не предолго, за да не биде многу густ. Изладете.

​

Врз ладните тулумби прелијте го ладниот шербет, за да останат крцкави.