НАЈБРЗИ КИФЛИЧКИ: Киснат дури се загрее рерната, се печат 15 минути

Брзи се онолку колку што вие сте брзи во замесувањето, а се киснат додека се грее рерната! Се печат за 15 минути!

Потребни состојки:

600 г брашно

1 прашок за печиво

100 мл масло

1 кисела павлака

1 сув квасец, разматен во

200 мл топло млеко

Постапка:

Замесете го тестото, развлечете кора, расечете на тријаголници и мотајте ги кифличките.

Додека се загрева рерната на 180 степени, кифличките одмораат.

Премачкајте ги со јајце и печете ги околу 15 минути, по желба.

Loading...