После неколку месеци пауза, д-р Бранимир Несторовиќ повторно започна да гостува во телевизиски емисии и да ги споделува своите анегдоти од животот, искуства и совети за здравиот живот и природните рецепти. Неодамна откри и какви чаеви пие и какви природни методи применува за одржување на сопственото здравје.




На прашањето околу политичкиот ангажман и дали размислува да се активира во таа сфера, докторот одговори дека воопшто не е заинтересиран и дека и натаму планира да биде социјално активен, особено околу прашањето за ревитализација на селото и природната исхрана.




„Мојата моментна окупација е ревитализација на селото, односно производство на органска храна. Тоа всушност е органска храна која верувам дека за неколку години ќе стане ек-стремно скапа, која не би можел секој да си ја дозволи.




Се претпоставува дека ќе се потро-шат резервите на наф-та и дека водата двојно ќе по-скапе, а храната дури за трипати. Мајка ми порано раскажуваше за дамнешните времиња како белграѓаните доаѓале во Обреновец бидејќи немале пазар.




Во тоа време храната се плаќала со она што имале: златни ланчиња, вреден мебел, покуќнина и сè она што вредело. Во недостиг на храна, не ти е потребно никакво богатство, па затоа сè што се имало, се давало за храна.




Како и секогаш, д-р Несторовиќ покрај интересните анегдоти од животот, секогаш има и добри и интересени совети за здравиот живот, а овојпат со нас го сподели и рецептот на мајка му, за здрав и долго-вечен живот.




Овојпат тоа беше една интересна утринска навика: „Секое утро после будењето, каснете малку слатко и испијте една чаша вода, затоа што микроорганизмите го сакаат слаткото и ќе се затрчаат по него. Потоа, испијте го утринското кафе. Тоа ќе ги задржи и заро-би.




Најпосле, после кафето земете една мала чашка ракија која ќе ги ели-минира. Тоа е отприлика тој рецепт на мајка ми“, објасни докторот за овој навистина необичен утрински р итуал. Ако резимираме, редоследот би бил: слатко со чаша вода, кафе и на крај р акија.




Овој совет кој го понуди д-р Несторовски, како стар рецепт кој го наследил од мајка си, многу наликува на советот на д-р Воислав Перишиќ, кој советуваше наутро да се пие кафе во комбинација со малку р акија, и тоа по редоследот: голтка кафе-голтка ра-кија.




Оваа изненадувачка и несекојдневна комбинација која тој ја предложи, се заснова врз неговите скорашни сознанија за најновата студија од Кливленд, каде било откриено дека кафето помага во сочувување на здравјето на црниот дроб.




Се чини, дека овој тренд за комбинирање на ко-феинот и ал-ко-холот, сè повеќе се прифаќа од бал-канските лекари. Секако, како што напоменаа и двајцата доктори, тајната за добро здравје е во умереноста, здравата исхрана и физичката активност.