Утрински еликсир за силен имунитет: започнете го денот со чаша од овој напиток и заборавете на вирусите

Започнете го секој ден со овој напиток и организмот ќе ви биде благодарен. Не само што ќе го зајакнете имунитетот, туку и ќе ја намалите шансата за добивање на вирус.

Сите состојки од овој напиток имаат неброено многу позитивни ефекти врз здравјето. Еве како се прави:

Потребни состојки:

2-3 см корен од ѓумбир
3-4 каранфилчиња
½ стапче цимет или 1 рамна лажичка во прав
1 лимон – сок
1 лажичка мед
400 мл вода

Постапка:

Loading...

Излупете го ѓумбирот и изрендајте го, па заедно со каранфилчето и циметот ставете го во ладна вода. Започнете да го загревате до вриење.

Штом зоврие намалете го огнот на тивко и варете уште 10 минути. Потоа тргнете го садот на страна, поклопете и оставете уште 20-тина минути да подизлади.

Процедете ја течноста во шолја, по желба засладете со мед и исцедете малку лимонов сок. Секогаш е добро напитокот да се испие додека е топол.

Набројаните состојки во комбинацијата ги имаат следните позитивни ефекти:

ѓумбирот е познат по смирувачкото, антибактериско и антихистаминско дејство. Делува противвоспалително и ги ублажува алергиите.

каранфилчето изобилува со еугенол кој има силно противвоспалително дејство, а богато е и со витаминиите Ц, Б6, Е, К и фолна киселина, како и бројни минерали.

Меѓу другото поттикнува излачување на слуз, па така лекува и воспаление на усната шуплина и грло.

циметот обилува со антиоксиданси и помага кај инфекции.

лимонот одамна е познат како лек за речиси сè. Витаминот Ц кој го има во изобилство го прави моќна намирница.

Loading...