Вкусен и лесен за подготовка, утрински колач, убав како роса кој се прави многу лесно. Вкусни топчиња со додаток на кокос, потопени во тесто. Овој колач предизвика восхит кај гостите и домашните и сите ме преплавија со прашања како сум го направила.




Потребни состојки: 750 грама полуобезмастена урда (може и крем сирење да користите), 3 жолчки, 1,5 чаши шеќер (чаша од 250 мл), 100 грама кокосови снегулки, 3 супени лажици гриз, 3 супени лажици какао.




А за тестото ќе ви биде потребно: 1,5 коцка маргарин/путер или 375 грама, 6 јајца, 5 чаши пченично брашно, 2 чаши со 1/3 млеко, 1,5 чаши шеќер, 1,5 лажичка какао, 2 полни лажички прашок за печиво, шеќер во прав за наросување.




Подготовка на топчињата со урда: Исцедете ја урдата во сад преку газа. Во неа додајте го шеќерот, кокосот и гризот. Додајте ги жолчките и измешајте темелно со лажица додека да се добие хомогена маса и сите состојки убаво се соединат една со друга.




Потоа со раце формирајте топчиња со иста големина и валкајте ги во какао, па редете ги во чинија. Готовите топчиња ставете ги во фрижидер додека се подготвува тестото.




Подготовка на тестото: Изматете го маргаринот/путерот со шеќерот додека да се формира пенаста структура, па додека матите додавајте едно по едно јајце. Потоа додајте брашно, прашок за печиво и млеко, оставајќи околу 2-3 лажици млеко настрана. Мешате додека да се формира еднолично, густо тесто/смеса.




Излејте околу 2/3 од тестото во плех обложен со хартија за печење. Во преостанатото тесто додајте го млекото кое претходно го тргнавте настрана заедно со какаото и соединете малку додека да се измешаат состојките.




Врз белото тесто распоредете го тестото со какао и одозгора наредете ги топчињата со урда, потопувајќи ги подбутнувајќи ги малку со прстот едно до друго во смесата.




Вака подготвеното тесто ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 170-180 степени и печете го околу 40-тина минути (мах до 1 час), додека тестото убаво да порумени и да се испече одвнатре (проверете со чепкалка).




За да не ви загори кората, може да ја менувате положбата на плехот во рерната или да ставите алуминиумска фолија одозгора при печењето (како кога печете висока погача, на пример). Испеченото тесто оставете го да се излади. Пред сервирање наросете со шеќер во прав. Рецепт на прекрасниот вкусен блог кој може да го погледнете ОВДЕ.