Вкусна, слоевита и многу лесна за подготовка салата од тестенини и уште неколку состојки. Од лесно достапни состојки кои често ги имаме во нашиот фрижидер. Совршена за секакви настани како закуска или како цел оброк. Одлична за предјадење и закуска, изгледа одлично и има неверојатен вкус.




Потребни состојки: околу 125 грама / половина ситни тестенини (оние со форма на зрна ориз, но може какви било ситни тетстенини), околу 200 грама добро парче шунка, 3 големи јајца, ротквица, 1 поголема краставица, околу 2 раце ситно рендан кашкавал, 6-7 лажици мајонез, малку власец за украсување или ако немате може да ставите младо или старо лукче, кромид.. А ќе ви треба и сол и црн пипер за зачинување.




Подготовка: Сварете ги тврдо јајцата, потоа излупете ги и исечете ги на мали коцки. Тестенините сварете ги во малку посолена вода според упатството на пакувањето, па исцедете ги од водата. Оставете да се оладат. Изрендајте го ситно кашкавалот по избор, исечкајте го власецот.

Шунката исечкајте ја на ситни коцки, а излупената краставица на тенки кругови или коцкички, а истото направете го и со неколку ротквици кои треба да ги исечете на кругчиња за декорација, а во салатата (остатокот) може да ставите ситно сечкани коцки.

Редење на салатата: На дното од садот ставете ги тестенините, израмнете и премачкајте со половина од мајонезот. Ставете ги парчињата ротквица околу садот (како на сликата).

Потоа наредете ги краставиците, израмнете, па јајцата исечкани на кругчиња врз мајонезот или пак, може ситно да ги исечкате на коцки или да ги изрендате (по желба). Посолете и зачинете со црн пипер врз слојот од јајцата. Потоа на крајот завршувате со ротквиците и шунката.

По шунката премачкајте го преостанатиот мајонез, изрендајте и наросете го сирењето и одозгора декорирајте со власецот, свеж магдонос, копар или нешто друго. Пред послужување, готовата салата ставете ја во фрижидер да се излади најмалку 1 час. Рецептот може да го погледнете ОВДЕ.




И уште еден рецепт: Кремаста салата со краставички, многу вкусна и освежителна. / Рецепт на Ивана од нејзиниот канал за домашни и вкусни рецепти „Шерпица Рецепти“.

Потребни состојки: 4 средни краставици, 400 г кисела павлака, 2 лажички мајонез, 2 чешниња лук (може и во прав), свеж копар (пола стебленце), 2 кафени лажички шеќер, 1,5 кафена лажичка сол, 1 лажичка јаболков оцет.

Постапка: Често користам свеж копар, но доколку имате само сув ставете 1 кафена лажичка. Има разлика во вкусот дали ставате свеж или сув, но како и да е, салатата е многу убава и на двата начина.

Може да користите и замена за лукот бидејќи дава силен вкус, и да го користите оној во прав, ставете 1 – 2 лажички од него. Во сад ја ставам киселата павлака. Секогаш купувам во голема чаша бидејќи во неа има точно 400 г.




Потоа додајте 2 лажици мајонез и 1 лажица јаболков оцет или лимон. Потоа додајте ја солта и 2 лажички шеќер. Доколку првпат ја подготвувате салатата, ставете 1 лажичка шеќер, пробајте ја салатата па ако е потребно додајте уште една.




Ситно исечкајте ги чешнињата лук или изрендајте ги. Може да користите и преса специјална за лук. Потоа додајте го копарот. Доколку користите свеж копар, тогаш исечкајте го колку можете поситно врз даска, па дури потоа додајте го во салатата.




Јас повеќе не ја користам даската кога подготвувам во брзање, но и вака ми е полесно директно да сечкам и да додавам во салатата, бидејќи не валкам дополнителни садови. Малку промешајте ја салатата и вкусете ја да видите дали сите состојки се во добар сооднос.




Вам како ви е полесно, така сечете ги намирниците. Потоа започнете со лупење на краставиците. Лупете ги краставиците преку еден ред, значи да останува по малку од зелената лушпа на нив. Не заборавајте да ги пресечете краевите и омекнатиот дел на краставицата (ако има).




Секогаш пробајте ја краставицата пред да ја додадете во салата. Доколку е расипана, а вие не знаете може да ја уни-штите цела салата. Додајте ги краставиците во салатата исечкани на тенки кругови или надолжно на ситни коцки.




Салатата веднаш се послужува. Јас секогаш ја правам половина час до час пред да биде готов ручекот, а за тоа време состојките убаво се впиваат една во друга. Но, не ја подготвувајте многу порано пред послужување, бидејќи краставиците можат многу да омекнат и да го испуштат сокот. Оваа салата се комбинира со секој ручек, а децата многу сакаат кога го макаат помфитот во неа. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.