ДОМАШЕН СИРУП ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ: Преку цела зима го јадеме и сите сме здрави

Ова е наш домашен, традиционален начин за зајакнување на имунитетот кој го спроведуваме веќе со години. Сè е природно во овој домашен производ, а многу е лесен за подготовка. Кај нас навистина делува, па се надевам дека ќе биде од корист и за други.




Овој сируп секогаш го правам уште од почетокот на септември кога децата ми тргаат на училиште и редовно им го давам за да бидат отпорни на разни вирози и настинки. Веќе стана редовен производ во нашето семејство. Еве како го приготвувам:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 лимони, околу 150 г излупен свеж корен од ѓумбир, 8 чешниња лук и околу 15 лажици мед, но медот секако, можете да го додадете и по вкус (помалку или повеќе).




ПОСТАПКА: Лукот и ѓумбирот исечкајте ги ситно и исцедете го сокот од лимоните. Измешајте ги сите состојки – лук, ѓумбир, сок од лимон, мед – додека убаво да се изедначи во хомогена смеса. Складирајте го во стаклена тегла, затворете го и оставете го настрана да отстои околу 6 часа на собна температура.




По изминатото време, сирупот процедете го низ цедалка или газа и складирајте го во соодветни стаклени теглички, претходно стерилизирани. Чувајте во фрижидер, затворено. Кај нас оваа количина се изедува за 2-3 седмици. Следниот рецепт е на Зорка Јанчева:




Сега е вистинско време да се подготви овој лек за зајакнување на имунитетот кој ќе ве заштити од настинки и вирози. Оваа смеса е чудо, штом залади направете ја за да бидете заштитени. Фото и рецепт na Зорка Јанчева.




Потребни состојки: 1 кг свеж корен од ѓумбир, 1 кг мед или по вкус, 4 големи и сочни лимони. Постапка: лимоните убаво измијте ги и оставете ги во вода со малку сода бикрбона. Потоа истријте ги добро и исплакнете ги под млаз ладна вода. Исечете ги на тркалца за полесно да им се извадат семките.




Потоа исечете го на и на поситни парчиња, па убаво сомелете го во блендер, да добиете каша. Ѓумбирот исто така измијте го убаво, па излупете го и сомелете го. Мелените лимон и ѓумбир соединете ги со медот и убаво промешајте за да добиете изедначена смеса.




Складирајте во стерилизирани стаклени тегли и чувајте во фрижидер. Употреба: Секое утро на гладен стомак по една супена лажица. Многу е вкусно и убаво, го загрева телото и му дава полетна енергија. Бидете здрави!







Претходна статијаВе боли кога одите во тоалет, па се мачкате со масло и маст: Доктор Тихомир објасни што всушност помага кај хемороиди
Следна статијаУТРИНСКА РОСА: фантазија колач со наједноставна подготовка, мешаш и печеш