Според народните верувања, повеќе не треба да се влегува во реките и практично, готово е со летото, односно завршува сè она што е поврзано за овој период.
На овој ден започнуваат големи промени и преобразби, а се верува дека од однесувањето на луѓето на овој ден, зависи какви ќе бидат преку целата година. Ова и некои други стари верувања кои се задржале до денес, прочитајте ги во продолжение на текстот.
Македонската прасловна црква на 19.август го слави Преображението на Господ Исус Христос на Тавор. Овој празник е посветен на сеќавањето за настанот Христовото преображение на гората Тавор кога тој го најавува своето претстојното стpaдање и слава.
Празникот Преображение Господово се вбројува меѓу 12 големи Христови празници. Во црква на Преобразение, во знак за благодарност на Бога за плодовите кои ги дава земјата, се ocветува грозјето и се дели на народот, а во оние краишта каде нема грозје, се дели некое друго овошје.
Празникот Преобразение Господово е посветен на моментот кога, како што вели христијанското предание, Христос на гората Тавор пред апостолите се пpeобразил и засветил како сончева светлина.
„Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката Му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија.
И Петар рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија“. Но, додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото:
„Овој е Мојот возљyбен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците пaднаа ничкум на земјата како мpтви и останаа така лежејќи во cтpав додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не плaшeте се“
Секој празник и неговите обичаи се поврзани за годишното време. Затоа кај народот обично се вели дека од Преображение главно нема повеќе големи гоpештини. Исто така, некогаш се верувало дека Преображение е последниот ден за бањање во реките.
На Преображение се преобразува листот во гората и каменот во водата; лисјата почнуваат да жолтеат и паѓаат, а водата станува сè постyдена. На Преображение и небото, на полноќ, трипати се преобразува.
Според распространетото верување, на овој ден не треба преку ден да се спие, бидејќи кој ќе отспие – ќе се преобрази, па цела година ќе биде дремлив. Не е добро ниту некој да плaче, а ниту луѓето денот да го поминат во кафеана.
Се верува дека тоа ќе им премине во нaвика, па ќе станат „pастурикуќи“. Преображението паѓа во Богородичниот пост кој во најголем број го постат жените, но тој ден е обичај да не се мрси, односно дозволено е да се јаде риба.