Ушите наеднаш ви се вцрвенуваат и имате чувство како да горат? Еве што може тоа да значи

Судејќи според многу здравствени студии, постои невролошка поврзаност помеѓу одредени точки на нашето тело и внатрешните органи.

Понекогаш, кога емотивно сме возбудени или засрамени, доаѓа до моментен прилив на крв кон главата, при што ушите стануваат видливо црвени.

Loading...

Меѓутоа, посматрањето на нашите уши може да ни помогне да ја препознаеме нашата моментна здравствена состојба или дури, да ги предвидиме идните проблеми со здравјето.

Исто така, ушите може да ни помогнат да излекуваме одредени болести. Ако повеќе ве интересира оваа тема, одговорите можете да ги пронајдете во текстот.

УШИТЕ МОЖЕ ДА ПОМОГНАТ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

Кога се раѓаме, нашите уши се веќе целосно оформени. Од таа причина може да послужат за препознавање и идентификација, слично како отпечатоците на прстите.

РЕЦЕСИВНИ И ДОМИНАНТНИ ГЕНИ

Според студиите, споената ушна ресичка (споена со главата) претставува рецесивна наследна особина. Одвоената ушна ресичка е доминантна особина во наследувањето.

КОРОНАРНИ БОЛЕСТИ

Дијагоналната бразда на усните ресички може да укажува на болест на коронарните артерии или можност таа наскоро да се појави.

НЕДОСТИГ НА ВИТАМИНИ И КАЛЦИУМ

Ако вашите уши се бледи, тоа може да укажува на недостиг на некои одредени витамини или калциум.

ПРОБЛЕМИ СО БУБРЕЗИТЕ

Доколку вашите уши се црвени, тоа може да значи дека имате проблем со бубрезите.

ПОРЕМЕТУВАЊЕ ВО МОЗОКОТ

Ако вашите уши се силно црвени, тоа може да укажува на брзо губење на памтењето, чести главоболки или некои болести на мозокот. Воспаление на ‘рскавицата на увото е состојба која се нарекува релапсирачки полихондритис.

РЕФЛЕКСОЛОГИЈА НА УВОТО

Рефлексологијата на увото е ефикасно исто како рефлексологијата на стапалата или дланките, а се користи за ослободување од стрес и болки. Повеќе од 200 акупунктурни точки на увото се поврзани со различни органи и локомоторниот систем. Со притисок на овие точки можете да се ослободите од бројни здравствени проблеми, како физички, така и емотивни. Повеќето делови од телото и органи на “картата на увото” се совпаѓаат со оние кај нероденото дете во фетусна положба.

МАПА НА УВОТО

Со масирање на одредени точки на увото може да се ослободите од едноставни проблеми со здравјето, како што е главоболката. Сепак, за сериозни здравствени проблеми, најдобро е да се обратите на лекар или во некоја специјална ординација за акупунктура и рефлексологија.

ТОЧКИ НА УВОТО

Со поставување на штипка на овие точки на увото, може да се ослободите од помали тегоби во следните делови од телото:

1.Грб и рамења;
2.Внатрешни органи;
3.Зглобови;
4.Носни синуси и грло;
5.Органи за варење;
6.Глава и срце.

Loading...