ТУРСКИ КИФЛИЧКИ…Толку многу се вкусни што нема да можете да престанете да ги јадете…
Ако ги сакате меките и мирисни печива, тогаш овие турски кифлички се вистинскиот избор за вас!
Се подготвуваат од едноставни состојки кои сигурно веќе ги имате в кујна, а нивната совршена структура и богат вкус ќе ве воодушеват уште при првиот залак. Совршени се за појадок, ужина или со вашиот омилен напиток. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г брашно
1 сув квасец
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
50 мл масло
120 мл млако млеко
120 мл млака вода
1 јајце на собна Т
малку путер за премалкување
1 жолчка + 1 лажичка млеко за премачкување одозгора
НМД.мк
ПОСТАПКА:
Замесете меко тесто и оставете го да ферментира додека убаво да го зголеми волуменот. Премесете го и поделете го на топчиња со приближно еднаква големина. Оставете да одморат 10-тина минути.
Секое топче малку развлечете го со дланките во елипсовидна форма, а потоа со оклагија развлечете ги во тенка долгнавеста кора. Премачкјате ја кората со омекнат путер, па фатете ги двата краја од долната страна и малку раширете.
Започнете со виткање на кифлата, а притоа секогаш малку потегнувајте го тестото кон себе за да се издолжи уште повеќе. Наредете ги кифлите во плех обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180-200 степени додека да заруменат.
Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: