Фантастично меки кифли кои остануваат свежи и третиот ден. Помеки се и од памук кифлите, мора да ги пробате. Ако ви се допаѓа, рецептот споделете го со вашите пријатели. Во три дена ги праве трипати. Од првиот пат оставив една кифла во кеса за да видам каква ќе биде. Не е како свежо печена, онака врела, ама е мека “како душа”.

Потребни состојки: 500 мл + 1 лажица млеко, 2 рамни лажици шеќер, 10 г сув квасец, 2 јајца, 100 г путер или маргарин, 1 лажица сол, 1 лажица оцет, 5 г прашок за печиво и 900 г меко брашно

Постапка: Загрејте го млекото да биде млако, путерот растопете го, а јајцата разделете ги на белки и жолчки. Двете белки и едната жолчка одат во тестото, а едната жолчка за премачкување.

Во топлото млеко ставете квасец и шеќер и промешајте. Потоа додадете малку брашно, жолчката и белките, растопениот путер (оставете една лажица за подоцна), прашокот за печиво и оцетот, па повторно добро промешајте.

Додадете уште малку брашно и сол и промешајте. Потоа додадете го остатокот од брашното и замесете го тестото. Тоа е меко и лепливо и затоа треба доста да се меси, околу 10 минути. Некаде на половина од месењето направете пауза и одморете се.

Рацете намастувајте ги со масло за да не се лепи толку тестото. Подигнете го тестото и под него излејте го остатојот од путерот, па спуштете го и уште малку премесете го. Покријте го со фолија и крпа и оставете го еден час на топло за да стасува, а може и подолго.

Стасаното тесто со намастени раце подигнете го и поделете го на 16 топчиња Од секое гормирајте кора со елипсовидна форма, па свиткате кифла. (погледнете го видеото за да видите како се виткаат).

Кифлите редете ги во плех обложен со хартија, па прекријте ги со фолија и оставете ги околу 40 минути да стасуваат. Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20-тина минути или во зависност од вашата рерна.

Печените кифли покријте ги со крпа околу 10-тина минути, а потоа можете да ги послужите. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: