Најдобрите намирници кои ќе помогнат да се зајакне имунитетот кај постарата популација, се морските плодови, сувите сливи, жолчката од јајце, пченката…

Кога станува збор за популација над 65 години, инфекцијата со новиот вирус може да биде многу опасна, па дури и фатална.

Освен одбегнување на контакти и правилно одржување на лична хигиена, секој од нас може значително да го намали ризикот од заболување со зајакнување на својот имунитет.

Во постигнување на оваа цел, нашиот најголем сојузник може да биде јодот.

Јодот е еден од најважните минерали во нашиот организам, но може да се забележи дека многу е занемарен, со оглед на тоа што речиси една третина од светското население не внесува доволно јод.

Еден од најздравите и најдолговечните народи е јапонскиот, а врз неговото здравје и долговечност во голема мера влијае токму овој елемент, кој инаку мора да се внесува преку храна. Населението на земјата на изгрејсонцето најмногу го внесуваат преку консумација на риба, морски плодови и алги.

Јодот помеѓу другото, ја одржува правилната функција на штитната жлезда, овозможувајќи ни на тој начин полесно да се носиме со стресните ситуации, а тоа особено важи за периодите во самоизолација.

За да се одбегне уморот, дебелеењето, проблемите со памтење, лошо расположение, губиток на енергија, од голема важност е да консумираме доволни количини на јод.

На возрасен човек неопходно му се од 150 до 200 микрограми јод, кои освен преку морска храна, може да се внесува и преку млечни производи, јодирана сол, суви сливи, како и јајца, особено жолчките, потоа пченка, банана, грашок, пијалакот оревовка, како и минерална вода богата со јод.

Важно е да ја одбегнуваме брзата храна и шеќерите кои го слабеат имунитетот. Со избалансирана исхрана богата со јод и редовни прошетки на чист воздух, постојат големи шанси да одбегнеме да се заразиме со вирусите кои се околу нас.