Малкумина знаат дека прекрасните розовобели цветови на дивиот костен имаат силна лековита моќ. Тие се користат во форма на одвар/чај или алкохолна тинктура и помагаат при срцеви заболувања, црн дроб, туберкулоза, астма, леукемија, ревматизам.

Специјалната маст приготвена од цветовите на костенот ги ублажува симптомите од артритис и гихт. Цветовите од костен исто така имаат и антиканцерогени својства. Се користат во лекувањето на леукемија, мозочен тумор, аденом на простата, итн.

Еве како се приготвуваат цветовите од костен кај различни болести:

Фибро-цистична мастопатија:

6-8 лажици сув цвет од костен се прелива со 1 литар вода, се доведува до предвриење, но пред да зоврие се трга садот. Се остава поклопено преку целата ноќ. Следниот ден се процедува и се пие по една голтка од течноста на секој час.

ПРОШИРЕНИ ВЕНИ

Потопете 50 г цвеќиња (без гранчиња) во 500 мл алкохол или вотка за 14 дена.
За ова време, подгответе ја следната маст: измешајте 10 г цвет од камилица сомелени во прав, 10 г лист и сув цвет од жалгија, исто така во прав, 50 г мелени див костен и 5 г компиров скроб.

Измешајте ја смесата со 200 г топла пилешка маст (по можност од домашно пилешко, ако имате, или некоја друга домашна маст) и гответе на пареа 2,5 часа. Потоа оставете ја смесата да отстои преку ноќ, а во утринските часови повторно загрејте ја колку да се растопи. Процедете ја маста, складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Третман: земете 30 капки од подготвената алкохолна тинктура со вода 3 пати на ден 20 минути пред јадење во период од 3-4 недели. Истовремено мачкајте ги нежно вените со приготвената маст.

Има антиинфламаторно, венотропно, антидематозно, капиларно зајакнувачко дејство.
Ја намалува содржината на протромбин и холестерол во крвта, ги зајакнува sидовите на крвните садови, ја подобрува микроциркулацијата во вените на долните екстремитети, го зголемува тонусот на вените на ректумот, го намалува отокот на нозете, тежина и замор во нозете, го намалува крвниот притисок.

Кај хемороиди и проширени вени

250-300 г свеж цвет од див костен изблендирајте ги и исцедете го сокот.

Употреба: Земете 25 капки во 1 лажица топла вода 2 пати на ден, 30 минути пред јадење. Сокот се пие кога вените во нозете се проширени и кога хемороидните јазли се отечени.

Со редовна употреба на сокот од костен, хемороидната болка исчезнува, а подоцна се повлекуваат опуштените вени, односно хемороидите.

Ревматизам, артритис

Алкохолна инфузија приготвена од сув цвет на див костен (40 г на 1 литар алкохол) се користи надворешно за мачкање на болните места.

Тромбоза

За да го подготвите лекот, потребни ви се 30 г цвет и плод од див костен кои треба да се сомелат и да се потопат во 300 мл чист медицински алкохол и да отстојат 7 дена со повремено протресување. Потоа се процедува и се консумира пред јадење секој ден, 3 пати по 30 капки.

Контраиндикации

И покрај одличните својства на костенот, како и секој друг лек, така и тој е контраиндициран во некои состојби состојби: разни васкуларни заболувања, атоничен запек, хипоациден гастритис, неправилности и одложена менструација, лошо згрутчување на крвта, тромбоцитопенија.

Не треба да се користи орално дивиот костен во случај на хипотензија. Во случај на предозирање може да предизвика грчење на прстите.