Дајнеке Фергусон после три неуспешни дози хемотерапија и четири неуспешни трансплантации на матични клетки, почнала да зема дневна доза куркумин, главната состојка на куркумата.

На шеесет и седумгодишната Дајнеке Фергусон во 2007 година и бил дијагностициран миелом кој напреднал до трета фаза за само петнаесет месеци.

После три неуспешни хемотерапии и четири неуспешни трансплантации на матични клетки, докторите и’ рекле дека има многу малку надеж дека воопшто ќе ја преживее оваа болест.

-Бев на сите токсични лекови и нуспојавите беа грозни – вели Дајнеке.

Две години после почетната дијагноза, таа ги зела работите во свои раце и почнала да зема дневна доза куркумин, главната состојка што се содржи во куркумата.

Консумирала по осум грмови секоја вечер на празен стомак.

Оттогаш нејзиниот карцином се стабилизирал и крвната слика се вратила во нормала. Си го повратила квалитетот на животот.

Кога му рекла на својот онколог дека користи куркума, тој бил многу заинтересиран, особено откако видел дека нејзините резултати стануваат сè подобри.

Миелом е втор најчест тип на карцином на крвта кој започнува од плазма клетките во коскената с’рж. Со размножување на тие клетки се гради миеломот, поради кој се јавуваат силни болки, оштетување на нервите, исцрпеност и оштетување на коските.

Третманот главно е насочен на контрола на симптомите бидејќи лек не постои, а заболените лица најчесто не живеат подолго од пет години после дијагнозата.

Во извешатјот се наведува дека резултатите на Фергусон сугерираат дека куркумата би можела да се користи како лек во иднина, за да им се помогне на пациентите со миелом:

“Фактот дека нашата пациентка беше спасена и тоа во напредна фаза на болеста, додека користела исклучиво куркумин, укажува на неговиот потенцијален антимиеломен ефект.”

Коавторот на извештајот, Џејми Кавена, изјавил дека не постои друго објаснување за нејзиното чудесно оздравување, освен куркуминот. Таа и ден-денешен ги користи овие таблети.

Научниците препорачуваат понатамошна евалуација во клинички студии, за да се испитаат можностите од користење на куркуминот како официјален третман. Меѓутоа, тоа е тешко достижно, бидејќи бара голема студија со голем број примероци, а тоа чини милиони.

Бидејќи природните компоненти не можат да бидат патентирани, тешко може да се пронајде финансиер на една ваква студија.