Цвет кој не им се подарува на жените: Се верува дека може само несреќа да донесе

Секој цвет си има свое значење, а со тоа и порака која се пренесува со самиот чин на подарување. Затоа, внимателно одберете го подарокот за Денот на жените. Цвеќето како подарок има одредена симболика и носи одредена порака со себе, па затоа внимавајте што сакате да и порачате на лицето кому е наменето.

Ружата на пример, не е за секоја жена. На сопруга, мајка, сестра, сосетка и колешка треба да им се подари друг вид на цвеќе. Цвеќето на прво место можеме да го разврстиме според боја, па така би можеле да ја истакнеме и симболиката во однос на видот и бојата.

Општо гледано, без разлика на висот на цвеќето, виолетовата боја симболизира нежност, сината верност, а портокаловата гордост и животна енергија. Белата е симбол за невинсот и чесност, црвената е боја на љубовтам огнот, животот и убавината, зелената на разумот и емпатијата, а жолтата на љубомора, но и на радост.

Секако, за секој вид поединечно, во комбинација со бојата, неговата симболика може подетално да се одреди, бидејќи секој вид цвеќе си има своја симболика. Во понатамошниот текст ќе ви ги откриеме верувањата според кои се толкува значењето на најраспространетите видови цвеќиња, па вие можете правилно да го одберете она кое треба да го подарите, во склад со пригодата (за личноста на која го подарувате).

РУЖИ

Ружата е цвеќе кое најчесто се подарува, а во зависност од бојата имаат широк спектар на применливост во завиосост од пригодата и лицето кому се подаруваат. Легендата вели дека ружата се родила од солзите на божицата Афродита која плачела по својот љубовник. Затоа првата симболика за овој цвет е љубов, а љуѓето кои ги сакаат ружите се големи романтичари.

Вљубени се во животот, во некоја личност, во природата, а нивната главна карактеристика е дека се полни со топлина и нежност за секого, но и дека многу внимаваат кому ја даваат таа нежност.

Исто како и ружите, даваат многу, но ако ги повредите, пазете се од нивните боцки. За љубителите на ружата, патувањата и авантурите може да бидат начин на живот. Таквите луѓе се маѓепсани од различните култури и нивните автентични карактеристики, па тие никогаш не излегуваат од мода и секогаш се полн цвет.

Доколку се црвени симболизираат страст и љубов, а некогаш, иако поретко, може да означуваат благодарност и задовоство. Белите означуваат невиност, искреност и безгрешност. Жолтите ружи од една страна се симбол за радост и веселост, а од друга страна, народните верувања велат дека претставуваат љубомора и неверство.

Портокаловите се симбол на копнеж, а пурпурна – љубов на прв поглед. Темновиолетовите ружи делуваат ексцентрично и знак се за желба за посебност и издвојување, а сините, поради вештачкиот начин на боење, се симбол за невозможносто. Ружите брз трња, исто како и пурпурните ружи може да означуваат љубов на прв поглед. Кога жена ќе му подари црвена ружа на маж, тоа означува симбол на верност.

ОРХИДЕЈА

За неа се вели дека е цвет на успешните луѓе. Личностите кои ја сакаат орхидејата се многу итри и малку таинствени, а секој сака малку мистериозност, зар не? Љубителите на орхидејата се самоуверени, способни и храбри луѓе. Ги краси подготвеност за помош и имаат развиено висока емпатија кон другите луѓе.

Своите карактеристики никогаш не ги покажуваат веднаш, па може да се каже дека се малку повлечени. Исто така, мора да се спомене дека овие луѓе најчесто се поврзани за некоја креативна работа, а од патувањата најчесто ги одбираат егзотичните дестинации.

Орхидеите честопати им се подаруваат на болни луѓе и на млади мајки кои лежат во болница тукушто породени, како знак за желба за поскоро опоравување. Исто така, може да ги подарите некому кому му посакувате успех во кариерата. Истражувањата велат дека постојат од 25000 до 30000 видови орхидеи.

НАРЦИС

Овој цвет се поврзува со митот за Нарцис кој имал многу обожавателки, но неговото срце секогаш останувало недостижно. Денес љубителите на нарцисот така се карактеризираат, како таинствени, малку затворени и со многу ранливо срце. Длабоки се, аналитични и внимателни. Може да означува и симбол на раѓање, повторно будење, нов почеток, со оглед на тоа што овој цвет се „буди“ меѓу првите пролетни цвеќиња. Жолтиот нарцис може да означува и презир.

МАГНОЛИЈА

Магнолијата расте само во мај и таа е најстариот познат цвет, со преубав мирис и единствен изглед. Луѓето кои го сакаат ова цвеќе, многу се посебни и отмени и често доаѓаат од богата и интелектуална фамилија, склони се кон ориенталниот стил, мистици и духовити.

Магнолијата означува достоинственост и отменост. Доколку цветот е бел, тогаш претставува невиност. Ако е розов, тогаш означува срамежливост, па најчесто им се подарува на девојки кои сè уште не ја запознале вистинската љубов. Меѓутоа, доколку подарите магнолија која прерано процветала, тоа е знак дека нешто сте вознемирени или нестрпливи. постои верување според кое магнолиите означуваат неверност на мажот кој ги подарува.

ЛАЛЕ

Облеката, вкусот, храната и животното искуство варираат кај овие лица баш како и боите на лалињата. Со други зборови, овие луѓе имаат борат и разновиден социјален живот. Склони се на експериментирање, мразат досада и предвидливост.Лалето е симбол на гордост и слава. Црвеното лале се поврзува со љубовта, а жолтото за безнадежна љубов. Розовото лале означува грижност, виолетовото – кралско достоинство, а белото – простување.

ИРИС

Нежен цвет кој симболизира надеж и слава. За љубителите на овој цвет може да се каже дека се полни со достоинство, храброст и позитивна енергија. Секогаш можете да се потпрете на нив без страв дека ќе ве изневерат. Ирисот често е симбол на достоинство и храброст. Синиот ирис ја поттикнува фантазијата и мечтаењето, лесниот и угоден живот. Жолтиот означува страст.

ХОРТЕНЗИЈА

Токму како и хортензијата, расположението на овие лица се мена заедно со годишните времиња, а летото им е омилено. Многу се чувствителни и малку интензивни во своите друштевени кругови и работното опкружување.

Исто така, хортензиите впиваат вода преку својата „глава“ па и нивните љубители обожуваат се’ што е поврзано со водата и летото. Хортензиите означуваат срдечност, а се подаруваат обично кога сакате да се смирите со некого. исто така, ова цвеќе се носи на гро-би-шта и при изјавување на сочувство.

ГЛАДИОЛИ

Гладиолите може да осначуваат природна убавина, но и пренагленост или силен карактер. Наводно, не треба да им се подарува на сакани личности, бидејќи според верувањето може да предизвика не-среќа.

ЦВЕЌЕ КОЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОДАРУВА или се носи на тажни настани

Цвеќињата кои обично се подаруваат во тажни моменти се бегијата, која означува црни мисли, лаванда која означува недоверба, далија која означува непостојаност, зумбул кој симболизира тага. Хризантемите се цвеќе кои иако се носат на гро-би-шта, сепак може да означуваат и љубов и вистина. За тажни моменти исто така, се подаруваат и кринови.

Loading...