Циметот го регулира нивото на шеќерот во крвта, а со тоа индиректно влијае на намалување на чувството од потреба за јаглехидрати, што е исклучително важно, ако сакаме да се ставиме во диетален режим.

Циметот во голема мера помага да се зајакне имунолошкиот систем, ја ублажува болката предизвикана од артритис, го ограничува ширењето на леукемија и рак лимфоми, ја стимулира активноста на мозокот.

Во комбинација со јогурт добивате напивка со која ќе може да го почнете денот, но оваа комбинација, можете да ја консумирате и навечер!

Поради сето ова, се верува дека овој напиток е еден од најважните сегменти од “Цимет” диетата за слабеење, која исто така помага и при намалувањето на масните наслаги од делот на стомакот и бедрата.

Потребни состојки, подготовка и примена:

2 дл јогурт

1 лажичка цимет

Подготовка и примена:

Во јогуртот ставете една лажичка цимет и добро промешајте.

Кога сте во диетален режим, овој напиток консумирајте го како замена за појадок, но и како замена за вечера.