Што се случува со вашето здравје ако спиете во ладна соба

Спиењето е исклучително важно за добро здравје. Но новата студија покажува дека спиењето во ладна соба значително го подобрува нашето здравје.

Постудената спална соба би можела суптилно да го трансформира нашето кафеаво масно ткиво во поголема потрошувачка на енергија и метаболизам, па дури и преку ден.

До неодамна, научниците сметаа дека возрасните немаат кафеави масти, во во текот на последните неколку години пронајдена е многу мала количина, со величина на лажица, во вратот и горниот дел од грбот, кај многу возрасни луѓе.

Ова е многу важно бидејќи кафеавите масти за разлика од познатите бели масти, се метаболички активни. Експериментите направени со глувци покажале дека е потребно да се исфрли шеќерот од крвотокот за да започне согорувањето на калориите и за регулација на внатрешната температура на телото.

Сличен процес се одвива и кај луѓето. Нова студија, публицирана во седмиот месец годинава, од страна на Американското здружение за дијабетес, во соработка со националниот институт за здравје, го истражила влијанието на климатските услови на спалните соби во кои спиеле пет млади мажи волонтери, во текот на неколку месеци.

Момците во текот на денот го живееле својот вообичаен живот, но навечер се враќале на спиење во институтот. Сите јадења, вклучително и ручекот им биле осигурани со цел правилен внес на калории. Спиеле под проветрени лесни чаршави.

За време на првиот месец, истражувачите ја одржувале температурата на собата на 24˚, сметајќи дека неутралната температура нема да поттикне реакција на телото.

Следниот месец температурата на собата ја намалиле на 19˚, за која истражувачите сметале дека во мала рамка ќе започне да го стимулира кафеавото масно ткиво (но и дека ќе предизвика треперење – мускулите автоматски контрахираат за да предизвикаат ослободување на топлина, што инаку е стандардна реакција на пониски температури).

Следниот месец, температурата на собата повторно била зголемена на 24˚, за да ги прекинат сите ефекти од студената соба, и на крајот, последниот месец, температурата ја зголемиле за 27˚.

Во текот на експериментот, шеќерот во крвта, нивото на инсулинот и внесот на дневните калории биле редовно следени, а исто така, после секој месец се мерела и количината на кафеавите масти.

За да создадеме здраво кафеаво масно ткиво потребна е правилна работа на ендокриниот систем и правилна исхрана. На левата страна од фотографијата ги гледате местата на кои се создаваат кафеавите масти, а на десната страна се обележани местата со несакани бели масти, или лоши масти.

Ладната температура, како што покажа ова истражување, значително го променила нивното тело. Она што најмногу изненадува, после неколку седмици спиење на температура од 19˚, кај мажите речиси двојно се зголемил волуменот на нивните кафеави масти. Нивната чувствителност на инсулин, кој под влијание на промена на шќерот во крвта, се подобрила.

Промените благо се промениле, но таа промена е значајна, тврди Франческо С.Чели, еден од истражувачите и професор на Универзитетот Virginija Commonwealth.

Кафеавите масти или добрите масти се еден од главните фактори на нашиот метаболички систем, ако правилно се храниме и ако спиеме во ладна просторија.

„Ова се здрави млади мажи, но со самото тоа што спиеја во ладна соба се стекнаа со метаболички предности во однос на останатите, а со тоа би можело со време да се намали нивниот ризик кон дијабетес и останати метаболички проблеми.

Исто така, потрошиле и неколку калории во текот на спиењето во ладна соба (сепак, не толку многу за да резултира со губење на килограмите, за тие неколку месеци). Метаболичките подобрувања се поништуваат само после неколку дена спиење на температура од 27˚.

Пораката од овие истражувања, како што вели Чели, е:

„За да го поттикнеме силно својот метаболизам, спуштете ја за неколку степени температурата во своите спални соби. Мојата собна температура, а исто и температурата во мојата канцеларија има една бенефиција – ги скратува состаноците.

Очигледно дека намалувањето на температурата на нашата околина подобрува одредени механизми за кои до сега не се пишуваше многу.“

Спиењето во ладна просторија и туширањето со ладна вода создава континуирано зголемување на внатрешната температура на телото што придонесува за јакнење на нашиот имунолошки систем и забрзување на метаболизмот, особено во моменти кога се опуштаме (спиење или пак туширање и бањање).

Loading...