Постојат луѓе кои во детството растеле без љубов од своите родители или оние кои никогаш не успеале да се реализираат и да почувствуваат што е тоа вистинска љубов. Овие луѓе најчесто остануваат празни, па затоа се интересираат за туѓите животи.




Не дозволувајте нер-вите да ви ги кинат некои вакви луѓе чија единствена цел е да ги провоцираат другите. Тие без никаков срам се мешаат во туѓите животи, бидејќи немаат што да прават во својот, па затоа малт-ретираат сè околу себе.




Сочувајте го својот мир! Тие на некој чуден начин се „накомуваат“ на туѓите соништа, бидејќи своите не успеале да ги реализираат, па затоа туѓите им се како трн во око и сè ќе сторат, само да не успеете во вашата цел и да не ги остварите вашите соништа.




Тоа се оние луѓе кои едно мислат, говорат друго, а трето прават и тоа за нив, само по себе, е нешто нормално и сосем природно и оправдано. Не дозволувајте да ви стра-даат нер-вите од луѓе кои не знаат да сонуваат, кои не ја гледаат магијата на убавиот момент…




Оној што нема убавина во себеси, не може да ја види ниту туѓата убавина. Тие луѓе светот околу себе го гледаат како црна дупка и тоа постојано се обидуваат да им го наметнат на другите околу нив.




Не дозволувајте животот да ви помине покрај такви луѓе, бидејќи еден ден ќе се прашувате зошто не сте го проживеале вистински животот, туку сте прифатиле помалку од она што сте сакале и сте заслужиле. Затоа што, тие луѓе се навикнати да ве одвлекуваат и вас далеку од сè што е убаво и драгоцено.




Затоа, не нервирајте се и заобиколете ги! Слободата е чудесен дар, слобода сами да избирате каков ќе биде вашиот животен пат, кои ќе бидат вашите сопатници и каде ќе биде вашата цел.




Сите оние кои ќе се обидуваат да ве сопрат на тој пат, да ве предомислат или оние кои ќе се обидуваат да ве одвратат од тој пат, не заслужуваат да бидат во вашите мисли. Пронајдете цел во вашиот живот и следете го вашето срце.




Научете да си го цените сопственото време, бидејќи еден ден ќе сфатите дека крадците од нашето доба не се оние кои ги земаат нашите работи, туку оние кои го трошат нашето време.




Кога ќе ја поставите целта, ќе треба малку повеќе да се потрудите за да ја остварите, но доколку не си ја поставите целта, ќе помине време а вие ќе се покаете што воопшто не сте се ни обиделе да ја постигнете желбата.




Луѓето кои имаат јасна и конкретна цел пред себеси, помалку размислуваат за луѓето кои од страна ги напа-ѓаат и одвраќаат од намерата. Сфатете, не постојат некои големи колосални одлуки кои го менуваат животот, туку само обиди да им се спротивставите на сите оние кои ве спречуваат да успеете во животот.