Цимет ролнички

Состојки

За тесто:

• 400 г брашно за колачи од Жито Лукс

• 3 лажици шеќер

• 100 мл млеко

• 3 лажици путер

• 1 јајце

За фил:

• 3 лажици путер

• 5 лажици цимет

• 200 г кафеав шеќер

Подготовка

Јајцето се мати со шеќерот и путерот, па се додава млекото. Во вака подготвената смеса се додава брашното и се замесува меко тесто. Од тестото на набрашнета површина се расукува кора во форма на правоаголник.

Кората се премачкува со путерот и се попрскува со циметот и кафеавиот шеќер. Од вака подготвената кора се формира ролат кој се сече на парчиња со дебелина од 1 см. Ролничките се редат во плех обложен со хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 180 °С, 25 минути или додека да добијат златножолта боја.

Loading...