Гриз пита со јогурт – гостите прашаа каде сме ја криеле досега

Кога дојдоа гостите и ја пробаа оваа пита со гриз и јогурт, без воодушевени од вкусот и прашаа каде сме ја криеле досега : – )

Потребни состојки:

Loading...

500 г кори за пита

4 јајца

100 мл масло (половина за подмачкување на плехот а половина за тестото)

4 лажици гриз

500 мл јогурт

1 кесичка прашок за печиво

1 мала лажичка сок

Постапка:

1.Загрејте ја рерната на 275 степени. Плехот 35х25 подмачкајте го со масло и во него ставете една кора.

2.Останатите кори преклопувајте ги по должина така да се добие хармоника и редете во плехот.

3.Направете смеса од јајца, масло, гриз, јогурт, прашок за печиво и сол. Смесата истурете ја помеѓу преклопите.

4.Ставете ја питата да се пече. Кога малку ќе зарумени намалете ја температурата на 200 степени и печете додека да биде готова.

Loading...