ЦИКОРИЈА: ја газиме и прескокнуваме а може да ни го спаси животот – го лекува црниот дроб и жолчката

Цикоријатата им била позната и на лекарите уште во првиот век и често ја користеле за регенерација на црниот дроб и при други проблеми со дигестивниот тракт.

Особено се користела како салата при консумирање на масни јадења за да се стимулираат жолчните сокови.

Цикоријата, или Cichorium intybus, е билка со сини цветови што расте како градинарска и како дива билка, на лекарите им е позната уште од првиот век на новата ера.

Иако во медицината има широка примена, цикоријата често се употребува и како додаток во јадењата.

Листовите од билката, како и другиот листен зеленчук, може да се додадат во салата или да се служат одделни, а пржениот и иситнет корен од цикорија често се додава во кафето во Европа и САД.

Цикоријата додадена во кафе ја надополнува оваа популарна напивка, бидејќи проучувањата покажуваат дека лактуцинот и лактуопикринот (двете материи од цикоријата што нејзе и’ даваат малку горчлив вкус) може да имаат дејства спротивни на дејствата на кофеинот поради седативното дејство врз централниот нервен систем.

Се смета дека цикоријата е и лаксатив и дека го зголемува протокот на жолчката.

Може да се ползува и за лекување костобол и ревматизам, бидејќи дејствува како лесен диуретик, зголемувајќи го исфрлањето на течностите од организмот.

Листовите од цикорија се употребуваат и како облога за лекување кожни воспаленија и отоци.

БОЛЕСТИ:

Се употребува орално при:

-забрзана работа на срцето предизвикана со внесување кофеин

-жолтица,

-проблеми со слезината

-камен во жолчката

-гастритис и други проблеми со варењето

-ревматизам

-костобол.

Се употребува надворешно кај:

-кожни воспаленија

ПРЕПАРАТИ

Цикоријата се купува во облик на зелен лист и сушен корен

ПОДГОТВУВАЊЕ ДОМА

ЧАЈ: 1 лажичка корен или сушена билка се остава да проврие во половина чаша вода, па се процедува; се пие 200 до 350 мл дневно при жолтица, тегоби во органите за варење, камен во жолчката или гастритис.

ИСХРАНА: Со раце исцедете 1 лажичка сок од стебленцето на цикоријата и пијте го заедно со млеко или вода, трипати дневно. Свежата билка јадете ја како салата или додаток.

Loading...