Централното греење во домот е можен причинител на ОВИЕ болести

Истражувањата покажуваат дека голем број настинки се јавуваат кога ќе започне грејната сезона, поради студот но и поради високите температури во затворен простор.

Истражувањата покажуваат дека посериозните настинки се јавуваат кај луѓе кои имаат централно греење.

Докажано е дека централното греење најлесно ја создава опасната црна мувла која може да биде причина за појава на астма и им штети на астматичарите.

Лекарите истакнуваат дека премногу топлина во просторијата неповолно влијае при инфекции на респираторните органи и лошо делува на болно и воспалено грло.

Додека сме изложени на висока температура во затворен простор, слузокожата на носот се суши и недоволно се проветруваат синусните канали.

Тоа ја зголемува затнатоста на носот, главоболките, непријатното чувство во предел на синусите, па дури може да предизвика и крвавење од нос.

Експертите истакнуваат дека високата температура во собата во која спиете може да го поремети целиот биоритам на организмот.

Се советува дека најдобро за здравјето е да ја одржувате собната температура околу 18 степени.

Претходна статијаМојата мајка имаше замастен црн дроб, со напиток кој го најдов на нет, за неколку дена сè беше во ред
Следна статијаЛек кој ме спаси од сигурна смрт! Останав без еден бубрег и другиот откажуваше…