За да имате кристално чисти алишта со свеж мирис, не мора да користите скапи детергенти и омекнувачи кои се полни со хемикалии и предизвикуваат алергии на кожа.

Најдобриот омекнувач за перење алишта може да биде и обичната алкохолна киселина!

Веќе е познато дека алкохолната киселина може да го замени омекнувачот за алишта, бидејќи отстранува дамки, ги прави алиштата меки и нежни, а не остава мирис на оцет после перењето.

За разлика од вообичаените детергенти и омекнувачи, алкохолната киселина е природно средство за чистење, а и доста поевтино.

Ова се 8 причини зошто алкохолната киселина би требало да стане наш главен сојузник при перењето на алишта, особено ако имаме чувствителна кожа:

1.Половина шолја алкохолен оцет полијте во алиштата пред да ги ставите во машината. На овој начин оцетот ќе ја заштити бојата, ќе го зголеми ефектот на детергентот и ќе спречи појава на остатоци од прашокот после перењето.

2.Користете алкохолна киселина наместо омекнувач за алишта. Истурете во одделот наменет за омекнувач и оцетот ќе ја заврши својата работа многу подобро, алиштата ќе бидат меки, а околината почиста.

3.Киселината во алкохолниот оцет успешно ќе ги елиминира дамките од дезодорансот и трагите од пот од белите алишта.

4.Алкохолната киселина брз проблеми ќе ги елиминира непријатните мириси, како и мирисот на чад од цигари.

5.Од некои видови ткаенина многу е тешко да се отстранат животинските влакна, но и тука може да помогне алкохолниот оцет. Едноставно додадете го во машината и влакната ќе исчезнат.

6.Алкохолната киселина спречува и појава на статички електрицитет кај алиштата.

7.Во алиштата што ги перете на рака додадете 6 лажици алкохолна киселина и оставете ги да отстојат половина час. На овој начин можете да ја перете долната облека и костимите за капење.

8.Со алкохолна киселина се чисти и самата машина за перење. Оцетот ќе ја отстрани нечистотијата, како и трагите од бигор и мувла.