Кога сакате да приготвите нешто вкусно, а брзо, овие макарони се одличен избор.

Потребни состојки: 300-350 г макарони, 80 г сланина, 1 чешне лук, 1 рамна лажичка, црвен зачински пипер во прав, 250 г сирење, 1 јајце, 200 мл кисела павлака 20% мм, малку сол и 50 г кашкавал

Постапка: Макароните кои ќе ги одберете по ваша желба, сварете ги според упатството. Во зовриена вода, ставете малку сол, па истурете ги макароните и варете ги околу 10 минути или колку што е наведено на амбалажата.

Додека се варат макароните, ситно исечкајте ја сланината на коцкички. Загрејте тава на оган со две лажици масло, па пропржете ја исечканат сланина. Пржете ја околу 2-3 минути.

Во пржената сланина додадете ситно сечкано сечкано лукче, па продолжете со пржење уште некоја минута. Додадете ги сварените и исцедени макарони, па промешајте добро, за рамномерно да се изедначат вкусовите. Зачинете со зачински црвен пипер и промешајте.

Сирењето издробете го со виљушка (не треба да биде премногу тврдо сирењето). Макароните тргнете ги од оган, па во нив додадете го издробеното сирење. Промешајте.

Огноотпорен сад или плех со средна величина намастете го со масло или путер. Макароните рамномерно распоредете ги.

Во посебен сад измешајте едно јајце, 200 мл кисела павлака и малку посолете. Со оваа смеса полијте ги макароните одозгора, па наросете околу 50 г рендан кашкавал.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Деталите погледнете ги во видеото: