Оставете ги алиштата потопени преку ноќ во овој магичен раствор – ќе бидат блескаво бели. По носењето на белата облека за неколку месеци таа ја губи првобитната белина и добива некоја сивкаста, валкано-бела боја.

Поради потта и разните прашоци за перење, белита алишта многу потешко се одржуваат од останатите, особено оние кои се направени од сензитивни ткаенини кои не смеат да се вријат.

За одржување на чистотата и белината на алиштата може да се користат различни скапи детергенти, но многумина се алергични на хемикалиите и не ги поднесуваат добро овие препарати.

Меѓутоа постои еден едноставен трик кој одамна го користат искусните домаќинки, а тоа е употребата на аспиринот. Имено, користењето на аспиринот ја прави белата облека преубава и блескаво бела, како нова.

Постапка: Растворете 5 аспирини од 300 мг во 7-8 литри топла вода. Натопете ги алиштата во овој раствор и оставете ги да отстојат преку ноќ. Можете претходно да ги издробете таблетите на поситни парчиња, на тој начин побрзо ќе се растворат и поактивно ќе делуваат.

Ако вака постапите и потоа ги исперете алиштата во машина за перење алишта, ефектот ќе биде уште поголем. Оние кои го испробале овој трик велат дека делува подобро од сите други избелувачи, бидејќи не ја оште.тува ткаенината, а притоа ја отстранува сета нечистотија.

РЕЦЕПТ ЗА ОТСТРАНУВАЧ НА ДАМКИ ОД АЛИШТА

Потребни состојки: 1 чаша превриена вода, ½ чаша сода бикарбона, ½ чаша хидроген 3%.

Постапка: Прелијте ја содата во зовриена вода и оставете да излади. Кога содата ќе се раствори и течноста ќе излади, додајте го хидрогенот и добро промешајте. Складирајте во шише со распрскувач. Употреба: Испрскајте ја дамката и оставете да делува неколку часа или преку ноќ, а потоа исперете вообичаено.

Трик злато вреден: Наместо омекнувач користете го ова, вади дамки и нечистотија, 3 пати е поевтино. За да имате кристално чисти алишта со свеж мирис, не мора да користите скапи детергенти и омекнувачи кои се полни со хемикалии и предизвикуваат алергии на кожа.

Најдобриот омекнувач за перење алишта може да биде и обичната ал-кохолна киселина. Веќе е познато дека ал-кохолната киселина може да го замени омекнувачот за алишта, бидејќи отстранува дамки, ги прави алиштата меки и нежни, а не остава мирис на оцет после перењето.

За разлика од вообичаените детергенти и омекнувачи, ал-кохолната киселина е природно средство за чистење, а е и доста поевтино. Ова се 8 причини зошто ал-кохолната киселина би требало да стане главен сојузник при перењето на алишта, особено ако имате чувствителна кожа:

I Половина шолја ал-кохолен оцет полијте во алиштата пред да ги ставите во машината за перење. На овој начин оцетот ќе ја заштити бојата, ќе го зголеми ефектот на детергентот и ќе спречи појава на остатоци од прашокот после перењето.

II Користете ал-кохолна киселина наместо омекнувач за алишта. Истурете во одделот наменет за омекнувач и оцетот ќе ја заврши својата работа многу подобро, алиштата ќе бидат меки, а околината почиста.

III Киселината во ал-кохолниот оцет успешно ќе ги елиминира дамките од дезодорансот и трагите од пот од белите алишта. IV Ал-кохолната киселина на брз начин ќе ги елиминира непријатните мириси, како и мирисот на чад од цигари.

V Од некои видови ткаенина многу е тешко да се отстранат животинските влакна, но и тука може да помогне ал-кохолниот оцет. Едноставно додајте го во машината и влакната ќе исчезнат.

VI Ал-кохолната киселина спречува и појава на статички електрицитет кај алиштата. VII Во алиштата што ги перете на рака додајте 6 лажици ал-кохолна киселина и оставете ги да отстојат половина час.

На овој начин можете да ја перете долната облека и костимите за капење. VIII Со ал-кохолна киселина се чисти и самата машина за перење. Оцетот ќе ја отстрани нечистотијата, како и трагите од бигор и мувла. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска