Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење. Рецептот за оваа многу вкусна а едноставна торта ни го претстави нашата драга членка Сузана Бајрам во групата НМД рецепти.

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење

Ако ви е потребен колач кој сигурно ќе им се допадне на децата, а и на возрасните, тогаш овој е вистинскиот за вас: едноставен, кремаст, со плазма кекаси… сите го сакаат.

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење

Колачите со кекси и креми кои не се готват се многу практични, бидејќи можат да се приготват ден порано, па на тој начин си го кратите времето за некој важен настан или прослава.

Потребни состојки: 300 г плазма кекси, 500 мл слатка павлака, 500 г крем сирење, 100 г шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 г чоколадо и 200 мл чоколадно млеко.

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење

За декорација: 100 г бело чоколадо, 100 мл слатка павлака и 50 г мини чоколадна плазма или ситни чоколатца

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење

Постапка: Слатаката павлака изматете ја со постепено додавање на шеќер и ванилин шеќер. Додајте го крем сирењето и кратко измиксајте за да се поврзат. Млечното чоколадо ситно исечкајте го, па додајте го и рачно промешајте го со лажица.

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење

Калап со димензии 30х10 см обложете го со проѕирна фолија. Плазма кексите натопувајте ги во чоколадното млеко (ладно) околу 15-20 секунди, не предолго. На дното од калапот ставете 2-3 лажици од филот и распоредете рамномерно.

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење

Преку кремот наредете плазма кекси, еден до друг, убаво да биде пополнето. Преку кексите наредете половина од кремот, па наредете нов слој кекси, па преку нив остатокот од кремот.

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење

Убаво израмнете и завршете со уште еден ред кекси (вкупно три слоја кекси). Колачот оставете го во фрижидер добро да се олади и стегне, најмалку 6 часа. За украсување: на умерен оган загрејте ја слатката павлака и белото чоколадо искршено на коцки.

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење

Мешајте додека да се растопи, но внимавајте да не ви загори. Следниот ден колачот превретете го врз чинија за сервирање, отстранете ја фолијата и преку колачот прелијте го ганашот. Украсете по желба.

Фотографија и рецепт на Сузана Бајрам – Плазма Страчатела торта без печење