Вашите палачинки ќе бидат најдобри досега, па дури и кога ќе изладат.

Слатки, солени, главно јадење или десерт – воопшто не е важно: палачинките се секогаш добар избор!

Но најголем проблем е гога тие ќе излезат жилави, па тогаш го расипуваат целото доживување и возбуда околу нив. Но, со овој трик тоа веќе нема да се случува.

Трик: најважно е на почетокот правилно да ги приготвите јајцата, односно да ги одвоите жолчките од белките, а да не ги ставате цели јајцата како што тоа обично го правиме.

Значи, жолчките издвојте ги и добро промешајте ги со останатите состојки.

А од белките изматете не многу цврст снег, па полека додадете го во смесата и лесно промешајте за да се изедначи.

Вашите палачинки ќе бидат никогаш подобри, па дури и кога ќе изладат!