Наместо скапите ни штетни пестициди кои ги купуваме во земјоделската аптека, можете да се послужите со обично млеко кое веројатно го имате во фрижидер. Розите кои пропаднале поради паразити и вошки, целосно можат да закрепнат благодарение на оваа намирница која сите ја имаме во фрижидерот.

Доволно е да се раствори во вода, во сооднос 1:3 (на пример, децилитар млеко со 3 децилитри вода) и да се наполни шишето со распрскувач.

Испрскајте го овој раствор директно на вошките, а ќе биде ефикасен и против разни бубачки и инсекти. Најдобро би било да ги „фатите“ во почетната фаза од развојниот циклус, пред да формираат бројни колонии на вашите рози, лилјани или други цветни растенија. Подеднакво исто може да се користи и за зеленчукот во градината.

Доколку сте задоцниле, не грижете се, само ќе треба да го повторите овој третман неколку пати. Многу градинари испробале и со чисто млеко, особено оние кои можат да набават органско и тврдат дека делува исто толку добро. Но, што се случува кога има долготрајни дождови? Силниот и долготраен дожд подеднакво може да ги оштети растенијата, исто како и врелото сонце.

Третманот со млеко е од голема полза кога станува збор за нега и одржување на бујноста на цвеќињата, особено на оние кои цветаат, но мора да се запази едно правило, односно периодот од денот кога тие треба да се полеваат.

За овој ч удесен раствор потребни ви се само две состојки кои сигурно ги имате дома. Сигурно се прашувате како дождот може да им наштети на растенијата и билките од градината, кога за дождот е познато дека истите ги крепи и им помага да останат свежи и побујно да растат.

Меѓутоа, што да се направи доколку станува збор пороен дожд или дождови кои непрекинато врнат неколку денови по ред. ваквиот дожд може да го у-ништи расадот кој сме го насадиле оваа пролет и да ги ослаби билките.

Затоа е потребно да се подобри и зајакне имунитетот на билките, особено на оние нежните и оние кои треба да пуштат цвет, а според зборовите на искусните градинари, тоа најдобро се прави со помош на млеко.

Млекото е намирница која речиси сите ја имаме дома. Одлично се покажало за заштита, но и за ѓубрење на градинарските култури и цвеќиња. Млекото содржи калиум, калциум, сулфур, фосфор, магнезиум, бакар, манган, железо и други елементи кои на билките ќе им обезбедат оптимален раст и ќе ги заштитат од болести, штетници и инсекти.

Во овој период, растенијата се подложни на габични болести, а млечниот раствор е одлично средство за превенција, бидејќи создава заштитен слој. Постојат доволно причини за да го направите овој раствор и да им помогнете на цвеќињата раскошно да цвета во текот на целото лето. Еве како се прави:

За оваа намена најдобро е да користите свежо, неварено млеко, а не пастеризирано, долготрајно млеко од тетрапак. Сè што треба да направите е да го помешате млекото со вода во однос 1:3. Значи на една чаша млеко се додаваат три чаши вода. Со овој раствор се прскаат билките и цвеќињата, најдобро во вечерните часови кога не е многу жешко и кога фаќа ладовина.